fbpx

Почина Силвио Берлускони на 86-годишна возраст

Берлускони починал во болницата „Сан Рафаеле“ во Милано. Во април годинава тој бил лекуван од белодробна инфекција, поврзана со претходно неоткриен случај на хронична леукемија

-

Силвио Берлускони, поранешниот италијански премиер почина на 86-годишна возраст, јавија светските медиуми.

Тој починал во болницата „Сан Рафаеле“ во Милано. Во април годинава Берлускони бил лекуван од белодробна инфекција, поврзана со претходно неоткриен случај на хронична леукемија.

Медиумскиот тајкун Берлускони првпат дојде на функцијата во 1994 година и водеше четири влади на Италија, до 2011 година. Тој своевремено се опишуваше како „Исус Христос на политиката“ и ја предводеше централно-десничарската партија „Форца Италија“, која влезе во коалиција со премиерката Џорџија Мелони по изборите во септември.

Берлускони беше сопственик и основач на медиумските компании кои многумина ги нарекуваат „италијанска медиумска империја“. Според магазинот Форбс, Силвио Берлускони бил најбогатиот човек во Италија со имот вреден 12 милијарди долари во 2005 година, а бил и 25-ти најбогат човек во светот.

Тој исто така беше претседател на фудбалскиот клуб Милан помеѓу 1986 и 2004 година.

Италијанскиот министер за одбрана Гвидо Крозето напиша дека смртта на Берлускони оставила „огромна празнина“.

„Заврши една ера… Збогум Силвио“, напиша Крозето на Твитер.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Погрешно се тврди дека еден од осомничените за нападот во Москва е чеченскиот милитант Ажиев

Човекот на фотографијата, кој од страна на руските власти беше идентификуван, приведен и изведен пред суд како осомничен за терористичкиот напад во Москва, е Далерџон Мирзоев, државјанин на Таџикистан...