fbpx

Почина познатиот чешки писател Милан Кундера

Овој „француски писател со чешко потекло“, како што почна да го нарекува неговиот француски издавач „Галимар“ пред дваесет години, е еден од ретките писатели што за време на неговиот живот влегол во познатата француска библиотека „Плејада“, во 2011 година

-

Милан Кундера, познатиот чешки писател почина на 94 годишна возраст. Неговите литературни дела имаат освоено многубројни признанија и награди. Овој „француски писател со чешко потекло“, како што почна да го нарекува неговиот француски издавач „Галимар“ пред дваесет години, е еден од ретките писатели што за време на неговиот живот влегол во познатата француска библиотека „Плејада“, во 2011 година.

„Неподнослива леснотија на постоењето“, „Шега“ и „Идентитет“ се едни од неговите најпознати обележја.

Кундера е роден во Брно, во 1929 година, на 1 април, а самиот коментира дека тоа „секако има некое метафизичко значење“. Тој емигрира во Франција во 1975 откако се наоѓа во немилост на властите поради критикувањето на советската инвазија на Чехословачка во 1968.

Кундера велел дека се гледа себеси како француски автор и инсистирал неговите дела да се проучуваат како француска литература.

Поетската збирка „Човек широка градина“ е неговото прво издадено дело, а првиот роман „Шега“ го издал во 1967 година. По преселбата во Франција продолжува да пишува и да издава нови дела, а некои ги пишува и за Чехословачка.

Сепак, и по Кадифената револуција во 1989 и по поделбата на Чехословачка, Кундера никогаш не се врати да живее во родната земја.

„Не сонувам за враќањето. Ја зедов Прага со мене, мирисот, вкусот, јазикот, пејзажот, културата“, изјави своевремено Кундера.

„Фестивалот на безначајноста“ му е последен роман кој го издава во 2014 година. Во 2019 година, чешките власти му го враќаат чешкото државјанство.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Завршија натпреварите „Робомак“ и „Робомак Јуниор“ 2024

Со финалниот натпревар во пет различни категории на Факултетот за електротехника и информациски технологии (ФЕИТ), вчера заврши 12-тото по ред издание на натпреварот „Робомак“ (RoboMac). На овој натпревар учествуваа 22...