fbpx

Макрон ги повика сојузниците на Украина да не бидат „кукавици“

Францускиот претседател исто така повтори дека стои зад својата скорешна контроверзна изјава во која рече дека не е исклучена опцијата да се пратат европски војници да се борат во Украина

-

Францускиот претседател Емануел Макрон вчера во Прага рече оти наближува момент во Европа кога веќе нема да е „соодветно да сме кукавици“, пренесува Ројтерс.

Оваа изјава доаѓа откако претходната недела Макрон изјави дека не ја исклучува опцијата да се пратат европски војници на бојното поле во Украина. Вчера Макрон рече дека стои зад изјавата, на која неколку европски лидери, вклучувајќи ги германскиот канцелар Олаф Шолц и шведскиот премиер Улф Кристерсон, веќе категорично ѝ се спротивставија.

„Дали ова не е и наша војна? Можеме ли да гледаме настрана и да веруваме дека едноставно можеме да дозволиме работите да се одвиваат по својот тек? Не верувам во тоа, и затоа повикав на нова стратегија и целосно стојам зад тоа“, изјави Макрон по својата средба со чешкиот претседател Петр Павел.

Инаку, на безбедносната конференција во Минхен минатиот месец, претседателот Павел рече дека Чешка можела да собере значителна количина на оружје за Украина надвор од континентот, во соработка со Канада и Данска. Според него, тие би можеле да достават преку 800.000 парчиња муниција во Украина во рок од неколку недели.

Според „Фајненшл тајмс“, Чешка цели да собере 1,5 милијарди долари за воена помош за Украина. Досега Холандија дала околу 100 милијарди долари.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Бизнис идеите на младите презентирани на првиот ден од Стартап Викенд Охрид

Викендов, од 26 до 28 април се организира второто издание на Стартап Викенд Охрид, настан кој е најголем од ваков тип во државата, а кој започна вчера попладне и...