fbpx

Шпионскиот софтвер „Предатор“ може да биде инсталиран на вашиот уред без интеракција или клик

„Сајтрокс“ спаѓа под грчката компанија „Интелекса“, која исто беше санкционирана. Таа го развила софтверот „Предатор“, кој се има користено за шпионирањена грчки новинари, американски безбедносни лица и други

-

Американскиот Стејт департмент синоќа соопшти оти македонската компанија „Сајтрокс“ (Cytrox AD), заедно со уште четири други компании и две физички лица, се санкционирани поради поврзаност со развивање на софтверот „Предатор“, кој се користи за шпионирање.

Другите четири фирми имаат седишта во Ирска и Унгарија, а главната фирма која го развила малициозниот шпионски софтвер „Предатор“, „Интелекса“, има седиште во Грција. Физичките лица кои се санкционирани се Тал Дилијан, основачот на „Интелекса“ и Сара Александра Фајсал Хаму, која Стејт департментот ја опиша како „специјалист за оф-шор компании кој обезбедил менаџерски услуги на Конзорциумот Intellexa“.

Инаку, не е потребен ниту еден клик или интеракција за да се активира софтверот „Предатор“, а истиот може да собира информации за локацијата, како и секакви други лични податоци. Според министерството за финансии на САД, софтверот „Предатор“ се има користено за шпионирање на американски безбедносни лица, јавни функционери и новинари во САД.

Дополнително, софтверот „Предатор“ бил пронајден на телефоните на преку 30 грчки новинари и министри за време на изборите во 2022 година.

Во 2021 година, Мета ја блокираше компанијата „Сајтрокс“ од своите социјални мрежи поради сомнежи за шпионирање.

Македонската компанија „Сајтрокс“ блокирана од „Мета“ поради сомнеж за сајбер-шпионажа

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Дебар Маало го прослави роденденот на Горан Стефановски

Во чест на роденденот најпознатиот македонски драматург, во Дебар Маало денеска повторно се слушаше гласот на Горан Стефановски преку неговите аудио драми кои ги пушташе платформата „Самоглас“. На настанот организиран...