fbpx

Победата на СИРИЗА го урна еврото на светските берзи

-

На европските берзи утрово вредноста на акциите падна, губејќи ја минатонеделната добивка затоа што инвеститорите стравуваат дека победата на СИРИЗА на изборите во Грција би можела да доведе до нови несигурности во еврозоната.

На парламентарни избори во недела во Грција победи левичарската партија СИРИЗА, а нејзиниот претседател Алексис Ципас порача дека по пет години, дојде крај на мерките за штедење, кои го наметнаа меѓународните кредитори.

– Ова е важен знак за промени во Европа. Одлуката на грчкиот народ значи крај на „тројката“ – порачи Ципрас.
Тројката – Европска Унија, Европската централна банка и Меѓународниот монетарен фонд – во 2010 година ѝ одобри на Грција пакет помош од 240 милијарди евра во замена за драстични мерки за штедење.

Ципрас, освен што се противи на мерките на штедење, тој, исто така, бара дополнителен отпис на грчкиот долг. Тоа би можело да доведе до излегување на Грција од еврозоната.

Изборните резултати во Грција предизвикаа пад на вредноста на еврото на светските берзи. Утринава на Токиската берза еврото ја имаше најниската вредност во последните 11 години во однос на доларот, достигнувајќи вредност од 1,1098 долари за едно евро.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Дебар Маало го прослави роденденот на Горан Стефановски

Во чест на роденденот најпознатиот македонски драматург, во Дебар Маало денеска повторно се слушаше гласот на Горан Стефановски преку неговите аудио драми кои ги пушташе платформата „Самоглас“. На настанот организиран...