fbpx

Матуранти од Битола не влегоа на тестирање

-

Само пет минути пред почетокот на екстерното тестирање,  закажано за 9.30 часот, матурантите од средното техничко училиште „Ѓорги Наумов “ во Битола си заминаа дома. Учениците чии професори во целост петти ден штрајкуваат, велат дека ги поддржуваат нивните барања.

Ваквата атмосфера ги крена на нозе надлежните во Битола, кои веднаш отишле во училиштето да зборуваат со матурантите да се вратат на тестирање за да не ги сносат последиците од нивната одлука.

-Ние бевме подготвени за тестирање, но децата кои дојдоа не влегоа, нека се подзамислат малку оние кои се одлични по успех, зошто ова значи за нив негативна оценка. Ние и утре ќе ги чекаме на тестирање – вели директорот на училиштето, Драган Стојановиќ.

Во средното техничко училиште професорите цврсто стојат на ставот дека штрајкот треба да продолжи сè додека не се исполнат нивните барања.

– Екстерното мора да се укине – велат тие.

Од канцеларијата на СОНК во Битола велат дека денеска на штрајкот им се приклучиле и дел од училиштата кои минатата недела не се одлучиле на ваков чекор.

– Сè поголем е бројот на наставици кои се приклучуваат на штрајкот. И во оние училишта каде имаше притисоци од претпоставените да не се штрајкува и тие од денеска стапија во штрајк. Повеќе од 40 наставници од ОУ „Даме Груев“ денеска се со нас, а подрршка имаме и од учениците, матуранти кои не отидоа на тестирање – вели Фанче Јошевска, претседателка на СОНК во Битола.

А.Б.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...