СИРИЗА и десничарската партија Независни Грци договорија коалициона влада.
– Од денеска Грција има влада. Независни Грци ѝ даваат глас на доверба на СИРИЗА – изјави лидерот на Независни Грци, Панос Каменос, по едночасовната средба со Алексис Ципрас, лидерот на СИРИЗА и новиот премиер на Грција.
Како што посочи Каменос, Ципрас денеска ќе оди кај претседателот Каролос Папуљас и ќе најави формирање влада.
Новата влада се очекува да даде заклетва можеби уште во текот на утрешниот ден.