По 7 месеци зголемени акцизи, екстра-лесното масло повторно поевтино за 11 денари од дизелот

-

Од вечерва на полноќ престанува важноста на Уредбата со законска сила за примената на Законот за акцизи за време на вонредна состојба, со што во сила стапува Законот за акцизи. Поради тоа, Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) соопшти дека е извршено усогласување со Законот, на веќе претходно донесената одлука од 18 јануари годинава, за највисоките малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт.

„Поради истекување на важноста на Уредбата што беше донесена за време на вонредната состојба, од вечерва на полноќ се враќа во сила Законот за акцизи кој се применуваше пред да се донесе Уредбата. Поради тоа РКЕ донесе измени во износите на одделни елементи при формирањето на највисоките малопродажни цени на нафтените деривати и на горивата за транспорт, кои се променети согласно износите на акцизите во Законот за акцизи. Овие цени ќе важат, се до донесување на нова одлука“, изјави Марко Бислимоски, претседател на РКЕ.

Според тоа, РКЕ соопштува дека од вечерва на полноќ малопродажните цени на бензините еуросупер БС-95, еуросупер БС-98, и на еуродизел (Д-Е V) се намалуваат за 2 денара за литар, во однос на малопродажните цени со одлуката од понеделникот, 18 јануари 2021 година. Додека малопродажната цена на Екстра-лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се намалува за 13 денари за литар и ќе изнесува 41,50 денари. Цената на Мазутот М-1 НС во малопродажба останува на исто ниво.

Новите максимални цени на нафтените деривати од ноќеска на полноќ ќе бидат: еуросупер БС 95 ќе чини 61 денар за литар, еуросупер БС 98 – 63 денари, еуродизел БС (Д-Е V) 52,50 денари, Маслото за горење- Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 41,50  денари за литар и Мазут М-1 НС ќе се продава по цена од 30,823 денари за килограм.

Од РКЕ информираат дека доколку во меѓувреме Собранието на РСМ ги изгласа измените на Законот за акциза во кои се вметнати одредбите од Уредбата донесена на крајот на јуни 2020, РКЕ ќе закаже седница и ќе изврши соодветно усогласување на одлуката, односно повторно ќе ги изедначи цените на екстра-лесното масло за домаќинство и дизелот.

Инаку, владата на крајот од јуни 2020 година ја донесе уредбата со која се изедначи цената на екстра-лесното масло со дизелот токму поради злоупотребата на ЕЛ-1, кое покрај за загревање на домаќинствата, се користеше и како погонско гориво за возила и механизација. Пред седум месеци, владата објасни дека покрај надминување на ваквите злоупотреби, изедначувањето на цената ќе овозможи и сузбивање на сивата економија, заштита на животната средина, заштита на потрошувачите и пазарот од нелојална конкуренција и ќе се отстранат причините кои го оштетуваа државниот буџет, граѓаните како и компаниите кои работат со нафтени деривати.

Министерството за финансии лани изработи и „Анализа на потрошувачката на екстра лесно масло за горење и предлог мерки за сузбивање на нелегалното користење и употреба“.

„Предноста на зголемувањето и изедначувањето на висината на акцизата е приближување и изедначување на малопродажните цени на дизел горивото и екстра лесното гориво (нафта за домаќинство) што треба да резултира со губење на мотивот и економскиот интерес за злоупотреба на користење на екстра лесното гориво како погонско гориво во возила и механизација“, се вели во Анализата.

Официјално е постигнат прекин на огнот меѓу Хамас и Израел

Официјално по едни од најстрашните 15 месеци поминати во војна, Израел и Хамас постигнаa договор за прекин на огнот во Газа, кој ќе доведе до постепено ослободување на заложници и палестински...

Лажна е фотографијата со холивудскиот знак во пламен

Организацијата која го одржува знакот и управува со своите веб-камери, објави на Инстаграм дека фотографиите на споменикот во пламен се лажни Анализираме објава на Фејсбук која споделува фотографија од знакот Холивуд во Лос Анџелес како гори...

Претседателот на УПОЗ ги отфрла обвинувањата од владата за политизација на протестите

Синдикатот на УПОЗ ги отфрла обвинувањата од владата за политизација на протестите, истакна претседателот Трпе Деаноски на денешниот протест пред Министерството за култура. „Секој обид на Владата или политичките партии да докажат...

Ова видео од пожарите во Лос Анџелес е креирано со вештачка интелигенција

Видеото не се појавува во ниту една снимка од кредибилни новински агенции или светски медиуми, коишто широко известуваат за пожарите во Лос Анџелес. Проверувачите на факти на Њуз Метер пишуваат дека...

Официјално е постигнат прекин на огнот меѓу Хамас и Израел

Официјално по едни од најстрашните 15 месеци поминати во војна, Израел и Хамас постигнаa договор за прекин на огнот во Газа, кој ќе доведе до постепено ослободување на заложници...