Пандемијата со ковид-19 уште повеќе ја потенцираше важноста и потребата од дигатилизација на институционалните услуги, нивно поедноставување, како и описменување на граѓаните за онлајн користење на тие услуги, наместо традиционално чекање на шалтери.

Ова е генералниот заклучок на настанот Регионални дијалози за Дигиталната агенда“, настан во рамки на проектот, „Зголемување на граѓанското учество во Дигиталната агенда – ИЦЕДА.

Миша Бојовиќ од граѓанската организација ЦРТА од Србија, истакна дека регионалното истражување кое го спровеле покажало дека Владите од земјите во регионот имаат исти проблеми со спроведувањето на дигиталната агенда.

„Дигитализацијата не зазема голем дел од административните промени. Владите треба да воспостават портали кои ќе нудат е-услуги на едно место. Најефиксана имплементација на е-услуги има за бизнис секторот, но потребно е уште повеќе. Исто така нема завршница на некои од нив, бидејќи во еден момент граѓанинот се препраќа на шалтер, односно на традиционален начин на прибирање на податоци,“ рече Бојовиќ.

Таа додаде дека Владите треба да бидат транспарентни во процесот на спроведување на дигитализација, да ги вклучат граѓанските организации и да ги описменат граѓаните за тие дигитални услуги да бидат разбирливи.

Директорот на Фондацијата Метамотфозис, Бардил Јашари истакна дека дигиталната трансформација е неизбежен процес, а со пандемијата со ковид-19, Владите во регионот беа под притисок за дигитализација на администрацијата, но и за новите алатки во процесот на образование.

„Не сите граѓани се свесни за придобивките од дигиталната трансформација и ова треба да се подобри, бидејќи е во насока на подобрување на животниот стандард. Не сите граѓани исто така знаат како да ги искористат онлјан услугите, па им е посигурно да чекаат на шалтери. Во услови на пандемијата со ковид-19, тоа значи дека се загрозува здравјето. Затоа е потребно да се напушти традиционалниот начин на добивање на информации и да се префрлат онлајн,“ рече Јашари кој потенцираше дека треба да се користи знаењето на граѓанските организации на локално и централно ниво, за да им се помогне на граѓаните да имаат пристап до информации на јазик и начин близок на нив.

Јашари исто така додае дека придобивките од користењето на технологијата се огромни, доколку таа правилно се користи. Оттука важен е процесот на едукација за граѓаните да градат доверба, потребно е да се даде приоритет на е-услугите и да се продолжи со дигитализација.

Колку всушност добивањето информации и документи онлајн е важно, може да се види низ примерот која го истакна претставничката од Албанија, Ромина Костани која изнесе податок дека, со воведување на онлајн услугите во таа држава, за добивање на различни потребни документи граѓаните заштедиле 2 милиони евра, и времето било скратено 200 години доколку истите тие граѓани би требало да чекаат на шалтери за да дојдат до тие потребни документи.