Фото: Арбнора Мемети

Вкупно 608 пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава, а празни болнички кревети во ковид центрите има околу 580, покажуваат денешните податоци на Министерството за здравство.

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 322 пациенти позитивни и суспектен на коронвирусот.

По извештаите на болниците кои пристигнуваат во Министерството за здравство на дневна основа, во болницата во Битола се хоспитализирани 29 пациенти позитивни и суспектни на ковид-19. Во болницата во Штип се хоспитализирани 25 пациенти. На инфективното одделение во Тетово има 20 пациенти, во Велес се лекуваат 23 болни, а во Куманово 47 пациенти позитивни и суспектни на ковид-19. Во ковид центарот во Охрид има хоспитализирано 35 пациенти, во Прилеп 33, во ковид центарот во Гостивар 17, а во Струга 18 болни. Во болницата во Струмица хоспитализирани се 22 пациенти, во Кочани 2, во Кичево 15, Кавадарци 21, во Гевгелија 4 лица, а во Дебар 11 позитивни и суспектни на корона вирусот.

Во главниот град пак, во изминатите 24 часа во ковид центрите се хоспитализрани 34 нови пациенти поради компликации од корона вирусот. Вкупно 286 лица сомнителни и потврдени за ковид-19 се лекуваат на инфективните оддели во Скопје.

„Бројот на приеми во изминативе денови е стабилен и утрово до 8 часот имало 119 слободни места, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места“ истакнуваат од ресорното министерство.

Во последното деноноќие, на интерните клиники имало 11 приеми. Додека пак, во ковид центарот во ГОБ 8 Септември имало 15 нови приеми на пациенти, а на Инфективната клиника 10 во текот на вчерашниот ден. Дома се пуштени 35 оздравени пациенти.

Во моментов на Кожната клиника во ковид центарот се лекуваат 20 пациенти, на Клиниката за неврологија 22 болни, а на Институтот за ТБЦ се примени вкупно 17 пациенти со симтоми на корона вирусот, во ковид центарот на Клиниката за нефрологија во моментов се сместени 18 пациенти. На Клиниката за Гастроентерохепатологија лежат 16 пациенти.

Во ГОБ 8 Септември има вкупно 95 болни, а на Клиниката за инфективни болести лежат 78 пациенти, додека во Институтот за белодробни заболувања кај деца Козле има 19 пациенти.