fbpx

Плоштадот полн, се чека 20 минути за влез за мисата на папата (Галерија)

-

На час и половина пред почетокот на мисата на папата Франциск, плоштадот Македонија речиси е полн со верници, бискупи, надбискупи, гости од регионот, но и од светот. Во масата граѓани, речиси исто толку се слуша хрватскиот јазик колку и македонскиот, оти е голем бројот на Хрвати од Хрватска и од БиХ.

Приодите кон плоштадот беа отворени пет часа пред почетокот на мисата и е предвидено најдоцна до 10 часот да бидат затворени.

На влезовите кои се наоѓаат на неколку страни на плоштадот, се чека по 20 минути за проверка бидејќи безбедносните мерки се на многу високо ниво.

На покривите на околните згради видливо е присуството на безбедносни сили, а станарите засега го почитуваат правилото да не излегуваат на балконите што гледаат на плоштадот.

Движењето на плоштадот е ограничено во зависност од типот на билетите кои граѓаните ги поседуваат. Предвидени се места за седење и за стоење.

По пристигањето на папата Франциск на аеродромот, каде беше пречекан од претседателот Ѓорге Иванов и премиерот Зоран Заев, колоната се упати на прием во претседателската резиденција со претседателот и премиерот. Предвидени се и кратки средби со семејството на Иванов и семејството на Заев. Во резиденцијата е и новоизбраниот шеф на државата, Стево Пендаровски.

Папата Франциск ќе има поздравен говор пред претставници од јавниот, политичкиот, културниот живот во резиденцијата на Иванова, од каде што потоа ќе се упати во спомен куќата Мајка Тереза.

Неговата светост таму ќе има средба со поглаварите на верските заедници и со сиромашните. По средбите таму се очекува со неговиот папамобил да се упати кон плоштадот за да ја одржи мисата.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

НБО вели дека поскапеното автоосигурување е реално, Битиќи бара повлекување на одлуката

Порастот на цената на полисата на задолжителното автоосигурување се должи на континуираниот раст на цените на реосигурувањето, автомобилите, резервните делови и на порастот на платите и постојаната голема инфлациона...