fbpx

Граѓаните се подготвуваат за дочек, политичарите ветуваат „брда и долини“ за Новата 2024

Вечерва на плоштадот „Македонија“ ќе настапат Тринити Стрингс, Слаткар, Дарио, Мерак Меана со Сузана Гавазова, Влатко Миладиновски, Стојне Николова, Душко Георгиевски и Блага Петреска

-

Дочекот на Новата година ќе се одржи денеска на плоштадот „Македонија„ во центарот на Скопје.

Дочекот е во организација на Комората на музичката индустрија во соработка со Град Скопје. Ќе настапат Тринити Стрингс, Слаткар, Дарио, Мерак Меана со Сузана Гавазова, Влатко Миладиновски, Стојне Николова, Душко Георгиевски и Блага Петреска.

Оваа година нема да има огномет, а средствата ќе бидат пренасочени за хуманитарни цели.

„Со тоа продолжуваме со поддршка на сите хуманитарни, граѓански и невладини организации со надеж дека ќе успееме да направиме Новата 2024 година да донесе нова надеж кај сите граѓани“, велат од Град Скопје.

На 1 јануари, јавниот превоз ќе почне да функционира подоцна од вообичаеното, а во останатите денови ќе функционира согласно неделниот возен ред. Жичарницата на 1 јануари ќе работи од 11 до 17 часот.

Честитки за Новата година пристигнаа од голем број политичари во земјава.

Претседателот на државата Стево Пендаровски вели дека годинава немало многу причини за славење и радост, па затоа во новата година посакува „да бидеме подобри, посолидарни, потолерантни и како поединци и како заедница“.

„Потребно е да се вратиме на вредностите кои му даваат смисла на животот. Наместо на трката по материјални добра, да ѝдадеме приоритет на добрината, да си помагаме едни на други, да градиме хумано и благородно општество“, вели Пендаровски.

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, во својата честитка го нотираше, како што вели, напредокот во повеќе области, како безбедноста, намалениот криминла, организацијата на конференцијата на ИНТЕРПОЛ во Охрид и Министерски совет на ОБСЕ во Скопје. Министерот за здравство Фатмир Меџити во својата новогодишна честитка ги претстави 12-те најголеми проекти за 12 месеци, додека министерот за правда Кренар Лога најважните закони кои биле донесени годинава. Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски преку видео обраќање им ја честита Новата година на граѓаните, истакнувајќи дека 2023 беше успешна и година на реформи, со многу реализирани програми и проекти, а претстојната, 2024-та, како што рече, ќе биде година на нови предизвици и нови цели.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски пак, годината ја заврши со најава за нови проекти. Тој рече дека во 2024 година градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ ќе инвестираат во нови градинки, училишта, спортски сали, локални патишта, градски улици, фабрики и амбуланти.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Дебар Маало го прослави роденденот на Горан Стефановски

Во чест на роденденот најпознатиот македонски драматург, во Дебар Маало денеска повторно се слушаше гласот на Горан Стефановски преку неговите аудио драми кои ги пушташе платформата „Самоглас“. На настанот организиран...