fbpx

Пленумци в среда ќе одлучуваат за окупација на универзитетите

-

„Студентски пленум“ при Универзитет „Св. Климент Охридски“ за среда најавува блокаден пленум, на кој ќе се дискутира за можен бојкот на наставата на сите факултети што се дел од битолскиот универзитет. Пленумци реагираат токму на усните ветувања на премиерот Никола Груевски и на најавите дека екстерниот испит за студентите ќе се одложи за една година.

Драган Милевски, активист на „Студентски пленум“, за „Мета“ вели дека в среда ќе се мери расположението на студентите за тоа дали се подготвени за бојкот на наставата.
– Владата даде усни ветувања дека нема да има екстерно, но ние на таквите ветувања не им веруваме сè додека не биде покрената правна постапка за тоа од Собранието. Затоа ќе се направи еден блокаден пленум в среда, да се види пулсот на студентите, дали се за бојкот на наставата – вели Милевски.

Според него, битолските пленумци имаат конкретни барања, за што дополнително ќе се изјаснат.

И студентите од Скопје велат дека се спремни за окупација, но за тоа ќе одлучат в среда, на седмиот пленум.

– На пленумот в среда ќе се дискутира за тоа дали да се окупира универзитетот и одлуката ќе зависи од расположението на студентите. По ветувањето од Владата дека ќе се формираат работни средби од двете страни за носење нов закон за високо образование, сè уште нема конкретна најава за таква средба. Такви ветувања сме виделе и порано, но засега сè останува само на најава  – вели Анастасија Петреска од „Студентски пленум“.

Студентите велат дека имаат предлози за тоа како би требало да изгледа новиот закон за високо образование, но сè уште немаат формирано работна група на која официјално ќе дискутираат за тие предлози.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Вучиќ кон Пикси откако автобусот се заглави во песок: „Тешки сме Драгане“

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека е договорено финалето на Лигата на Европа на УЕФА во 2028 година да се игра на Националниот стадион во Сурчин. Вучиќ на...