Унгарија ќе затвори три железнички премини со Хрватска за да го спречи евентуално влегување на бегалци, соопшти унгарскиот министер за внатрешни работи, Шандор Пинтер.
Одлуката за затворање на премините Которибе, Копривница и Бели Манастир доаѓа откако хрватските власти испратиле воз полн со бегалци под полициско обезбедување кон Унгарија.
Пинтер, сепак, не прецизираше кога премините ќе бидат затворени ниту, пак, кога возот бил испратен за Унгарија.