fbpx

Пијте вода и туширајте се пред спиење, ИЈЗ со препораки за топлите ноќи

Идеалната собна температура за спиење е помеѓу 19-21 степени целзиусови, велат од Институтот за јавно здравје

-

Испијте најмалку една чаша вода пред спиење и чувајте во ваша близина вода во текот на ноќта, а за спиење изберете широка и памучна облека. Ова се дел од препораките за граѓаните што денеска ги објави Институтот за јавно здравје (ИЈЗ), заради жешкото време и високите температури.

„Во жешките ноќи, нашето тело станува тешко да го најде топлинскиот баланс и тоа значи дека тешко ќе заспиеме. И топлото време може да предизвика повеќе прекини во сонот во текот на ноќта, правејќи ги луѓето да се чувствуваат поуморни следниот ден“, пишува во објавата на ИЈЗ.

Идеалната собна температура за спиење е помеѓу 19-21 степени целзиусови. Од ИЈЗ велат дека ноќната облека како постелнина, прекривки и пижами помагаат да се создаде микроклима околу нашата кожа која ја одржува оваа идеална температура.

„Ако прекривката со јорган е премногу, може да се претпочита тенок чаршаф за подобар ноќен сон. Отворањето на прозорците исто така може да помогне ако дува благо ветре (доколку има соодветна заштита од инсекти), но надворешната бучава понекогаш може да биде негативен фактор за квалитетен сон. Пред спиење туширајте се со млако или ладно туширање или мијте ги вашите раце, нозе, лице и врат за полека да ја намалите телесната температура“, стои во препораките.

Исто така треба да се избегнува алкохол, кофеин и зачинета храна навечер оти тие ја зголемуваат температурата на телото.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Дебар Маало го прослави роденденот на Горан Стефановски

Во чест на роденденот најпознатиот македонски драматург, во Дебар Маало денеска повторно се слушаше гласот на Горан Стефановски преку неговите аудио драми кои ги пушташе платформата „Самоглас“. На настанот организиран...