fbpx

Петровска: Протераните руски дипломати се обиделе да се мешаат во националните интереси

Во однос на тројцата протерани руски диплимати од земјава и едно свештено лице, министерката за одбрана Славјанка Петровска рече дека секој што ќе се обиде да ја попречи стратешката цел на државата – НАТО и ЕУ, не може да се смета за пријател

-

Тројцата руски дипломати и рускиот свештеник Васијан Змеев, кои неодамна беа протерани од земјава се лица кои работеле спротивно на дипломатските правила и се обиделе да се вмешаат во стратешките национални интереси на нашата држава, рече министерката за одбрана Славјанка Петровска, на денешната прес-конференција со словенечкиот министерот за одбрана, Марјан Шарец.

Таа додаде дека секој што ќе се обиде да ја попречи стратешката цел на државата – НАТО и ЕУ, не може да се смета за пријател.

„Станува збор за лица кои работеле спротивно на дипломатиските правила, меѓутоа очигледно е дека со правилата, согласно речникот на безбедносно – разузнавачките служби, се обиделе или сакале да се вмешаат малку повеќе во стратешките национални интереси на нашата држава“, изјави Петровска.

Според неа, Армијата и Министерството за одбрана се безбедни и имаат развиено систем на заштита од било какви влијанија вклучително и на злонамерни, односно влијанија за кои се смета дека се спротивни на стратешките и национални интереси.

На 12 септември, во Министерството за надворешни работи бил повикан Амбасадорот на Руската Федерација кому му била врачена дипломатска нота, со која тројца дипломати во Амбасадата на Руската Федерација во Скопје беа прогласени како непожелни во државата (persona non grata).

Дополнително, забрана за влез во земјава, покрај тројцата руски дипломати доби и шефот на руското црковно предворје во Софија Васијан Змеев. Неколку дена откако македонските власти го протераа рускиот свештеник и официјална Софија одлучи да го протера од Бугарија ова високо свештено лице на Руската православна црква, поради тоа што е закана за националната безбедност.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Патот до слободниот пристап до информации поплочен со тужби, нетранспарентност и молк од администрацијата

Колкава плата зема одреден министер, директор, функционер? Колку пари потрошиле пратениците за патни трошоци? Колку судски пресуди се донесени за семејно насилство? Колку чинело новогодишното украсување за секој град...