Пензионерите протестираа, па се сретнаа со Тренчевска

За просечната пензија која сега изнесува околу 19.000 денари, пензионерите и нивниот синдикат побараа да изнесува 60 отсто од просечната нето-плата, односно да биде околу 21.900 денари

-

Пензионери од повеќе градови низ земјава денеска повторно протестираа пред зградата на Владата. Оттаму побараа линеарно зголемување на пензиите за 3.500 денари, а не за 6,8 отсто како што беше најавено.

Ова е втор ваков протест на македонските пензионери, од каде тие порачаа дека за да можат да живеат „нормално“, минималната пензија требало да биде 45 отсто од просечната плата.

За просечната пензија, пак, која сега изнесува околу 19.000 денари, пензионерите и нивниот синдикат побараа да изнесува 60 отсто од просечната нето-плата, односно да биде околу 21.900 денари.

„Заслужуваме достоинствен живот“, „Ако има за вас, треба да има и за нас“ – беа само дел од пораките кои стотици пензионери денеска ги упатија од главниот град.

На средба во Владата ги прими министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска, кој им посочила дека Владата има слух за нивните барања.

Тренчевска истакнала дека веднаш по одржаната средба во Министерството за труд и социјална политика летово била формирана и работна група со номинирани членови на сите засегнати страни, како и дека таа работна група редовно одржува состаноци на кои се разгледуваат сите пристигнати барања и предлози од здруженијата на пензионери, Партијата на пензионери и Сојузот на пензионери на Македонија.

„Преку методологијата, пензиите за нецели две години пораснаа за околу 24 отсто. Притоа се обезбедува и стабилност на пензискиот систем и редовна исплата на пензиите. Работната група кога ќе ги финализира предлозите ќе ги достави до Владата на усвојување и за тоа ќе биде известена јавноста“, соопштија денеска од Министерството за труд и социјала.

Пензионерите рекоа дека ќе ги почекаат понудените решенија, а доколку предлогот не им одговара, најавија радикализација на протестите.

Антикорупциска покрена истрага за патувањата на функционерите во Вашингтон

По бројните реакции во јавноста, Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) отвори предмет за патувањето на македонските функционери на инаугурацијата на американскиот претседател Доналд Трамп, пишува Порталб.мк. „Државната комисија за спречување...

Трамп нареди објавување на илјадници класифицирани досиеја за атентатите на Џон Кенеди и Мартин Лутер Кинг помладиот

Американскиот претседател Доналд Трамп им нареди на функционерите да направат планови за декласификација на документите поврзани со три атентати - на Џон Ф. Кенеди, Роберт Ф. Кенеди и Мартин Лутер Кинг...

ТАВ Аеродроми: Нова директна авиолинија Скопје – Париз до аеродромот Орли

ТАВ Македонија, подружница на ТАВ Аеродроми, објавува дека „easyJet“, втората по големина авиокомпанија за летови на кратки и средни релации во Франција и со водечка улога во локалното поврзување, воведува нов директен...

Уште четири лица осомничени за терористичка организација

Под раководство на јавен обвинител, вчера била спроведено координирана акција на Агенцијата за национална безбедност и одделите за сузбивање на организиран и сериозен криминал и за специјални полициски операции, во рамки...

Антикорупциска покрена истрага за патувањата на функционерите во Вашингтон

По бројните реакции во јавноста, Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) отвори предмет за патувањето на македонските функционери на инаугурацијата на американскиот претседател Доналд Трамп, пишува Порталб.мк. „Државната комисија...