Пендаровски ќе го свика Советот за безбедност поради состојбата во регионот и на Блискиот Исток

Тој додаде дека наша поволна околност е што сме членки на НАТО и редовно ги добиваме брифинзите од таму и знаеме како од прилика ќе се развива состојбата во однос на конфликтот Хамас – Израел, иако во првата фаза не е лесно да се прогнозира

-

Претседателот Стево Пендаровски во вчерашното интервју за „Клик плус“ на ТВ 21 најави дека во наредните седум до десет дена ќе биде свикан Советот за безбедност на чиј дневен ред ќе бидат состојбите на северот на Косово, војната во Украина и последните случувања на Блискиот Исток, односно конфликтот Хамас – Израел.

„Некои викаат тоа е далеку од нас, меѓутоа ние за жал имаме од сириската војна наваму, луѓе кои се платеници и се борат на една, или на друга страна, а се наши државјани и треба да видиме што со нив, кога утре, задутре ќе се вратат во државава. Колку се покриени од нашите служби и колку се покриени, да ги видиме информациите од нашите партнери“, изјави претседателот во интервјуто.

Тој додаде дека наша поволна околност е што сме членки на НАТО и редовно ги добиваме брифинзите од таму и знаеме како од прилика ќе се развива состојбата во однос на конфликтот Хамас – Израел, иако во првата фаза не е лесно да се прогнозира.

„Меѓутоа Советот за безбедност секако ќе биде свикан, не само за последниот развој на настани на Блискиот Исток, туку и за случувањата на северот на Косово и војната во Украина“, изјави претседателот.

Во тој контекст, претседателот најави дека нашата држава во наредните недели, по барање на НАТО ќе го зголеми и својот контингент на Косово.

„Досега на Косово имаше околу 4.500 војници, треба да има околу 5.000, и секоја држава во рамки на своите можности го засилува својот контингент. Тоа не е тајна. Ние имаме 64 војници во моментов таму, сакаме да однесеме уште 25, 26 во еден од секторите, тие ги нарекуваат зони на одговорност на Косово“, изјави претседателот Пендаровски.

Запрашан на што се должи високата доверба на Армијата кај јавноста, претседателот Пендаровски изјави дека Армијата долги години наназад ужива висока почит кај граѓаните, независно од етничката нивна припадност и тоа се должи веројатно на имиџот кој македонската Армија го изгради од 1992 – та година до денес. Тој посочи дека македонската Армија не се крие во касарните, туку напротив во било која ситуација и непогода, секогаш е со народот и така треба да остане.

Maлолетници од Битола се здобиле со тешки повреди во сообраќајка со мопеди

Мопеди управувани од малолетници се судриле во Битола, а од ударот со тешки телесни повреди се здобиле возачите на мопедите кои биле малолетни, информираат во Министерството за внатрешни работи (МВР). „Вчера во...

Прскањето вода на ниви под далекуводи може да е кобно, предупредува МЕПСО

Земјоделците во екот на сезоната за наводнување и жетва, да бидат особено внимателни додека ракуваат со опремата за наводнување, со земјоделската механизација и со дополнителната земјоделска опрема во близина на далекуводите...

Реконструирани 24 километри пат од Охрид до Свети Наум

Денеска во Охрид беше пуштен во употреба реконструираниот регионален пат од Охрид до Свети Наум. Обновени се 24,3 километри магистрален пат, а инвестицијата е 11,7 милиони евра. Со реконструкцијата е направена...

Обвинителен акт против 34 физички и 3 правни лица за трагедијата во „Пулс“

Обвинителен акт против вкупно 34 физички и 3 правни лица осомничени за трагедијата во дискотеката „Пулс“ која однесе 62 животи, соопшти денеска на прес-конференција државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски. Информирајќи за...

Maлолетници од Битола се здобиле со тешки повреди во сообраќајка со мопеди

Мопеди управувани од малолетници се судриле во Битола, а од ударот со тешки телесни повреди се здобиле возачите на мопедите кои биле малолетни, информираат во Министерството за внатрешни работи...