Пеколно жешко време – од утре благ пад на температурата

-

Времето денеска ќе биде ќе биде сончево и топло со умерена облачност. Во попладневните часови ќе има услови за појава на изолирана нестабилност. Во текот на денот ќе дува слаб до умерен јужен ветер. УВ-индексот ќе изнесува 8.

Дневната температура ќе се движи од 28 до 38 Целзиусови степени.

Во Скопје и во околината се очекува слично време со температура до 37 Целзиусови степени.

Според податоците на од Управата за хидрометеоролошки работи, во Јужновардарскиот регион денеска се очекува температура од портокалова фаза, додека во другиот дел од земјата температурата ќе биде од жолта (алертна) фаза.

Министерството за здравство соопшти дека препораките за бремените жени и за хронично болните лица на возраст над 60 години да бидат ослободени од работните обврски денеска ќе важат само за Јужновардарскиот Регион, односно за Гевгелија, Струмица, Демир Капија, Штип, Радовиш и за околните населени места.

Од министерството потсетуваат дека и понатаму треба да се почитуваат препораките за заштита од високата температура, односно да се избегнува директна изложеност на сонце, престој на отворено во периодот од 11 до 17 часот, да се носи светла и лесна облека, да се консумира лесна храна и течности, храната да биде термички обработена и хронично болните лица редовно да земаат терапија.

Во наредните денови се очекува благ пад на дневната температура, а во попладневните часови ќе има услови за локална појава на краткотраен пороен дожд и на грмежи.

Македонија и Србија испитуваат можности за гасно поврзување

Македонија и Србија ќе ги испитуваат можностите за спојување со гасен интерконектор, кој треба ќе биде една нова директна врска меѓу од Јужниот гасен коридор на ЕУ и Трансбалканскиот...