fbpx

Партијата на обединети пензионери бара итно решавање на кризата

-

Партијата на обединети пензионери и граѓани на Македонија (ПОПГМ), со одлука на извршниот одбор, им се придружи на политичките субјекти и на невладините организации од Република Македонија кои се залагаат за спроведување на принципи и ставови во правец на итно и целосно решавање на државно-политичката и институционална криза во земјата.

„ПОПГМ ги поддржува силите кои се за раздвојување на партиите од институциите на државата и за создавање систем кој ќе оневозможи злоупотреба на државните органи и институции. Исто така, се залагаат за независно, непристрасно и објективно судство во служба на граѓаните, за почитување на темелните уставни вредности и права на граѓаните, за слободни медиуми и критичка мисла“, се вели во нивното соопштение.

Во соопштението се наведува дека ги поддржуваат силите кои се за јасно и конкретно дејствување за интегрирање на Република Македонија во ЕУ и во НАТО, искажувајќи сериозна загриженост за длабоката државно-политичка и институционална криза во Република Македонија, раководени од принципите на демократија, одговорност, граѓанско единство, мултиетничка солидарност и заложби за сеопшт просперитет на нашето општество – соопштуваат од ПОПГМ.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Погрешно се тврди дека еден од осомничените за нападот во Москва е чеченскиот милитант Ажиев

Човекот на фотографијата, кој од страна на руските власти беше идентификуван, приведен и изведен пред суд како осомничен за терористичкиот напад во Москва, е Далерџон Мирзоев, државјанин на Таџикистан...