fbpx

„Партибрејкерс“ премиерно ќе настапат во Битола

-

Оваа година главни ѕвезди на големата сцена на Широк сокак во рамките на фестивалот „Битола – Отворен град 2015“ се познатата белградска рок-група „Партибрејкерс“.

Со гостувањето во рамките на овој меѓународен фестивал во организација на Младинскиот културен центар Битола, „Партибрејкерс“ премиерно ќе настапат во Битола в сабота, на 27 јуни 2015 година, на Широк сокак.

– Ова е група коjа силно влијаела врз имиџот на новите музички генерации и ги поседува сите потребни карактеристики за да настапува во рамките на „Битола отворен град“. Досега „Партибрејкерс“ имаат издадено 12 музички албуми, од кои произлегуваат многу музички хитови, актуелни за сите генерации. Групата, која е формирана во 1982 година, во 1990 ја реализираше големата југословенска турнеја и истата година беше предгрупа на големата англиска рок-група „Моторхед“ на сите концерти во Југославија. Во 2012 година, настапија на главната сцена на фестивалот „Ексит“ пред групите „Вулфмадер“ и „Ганс енд роузис“. Нивниот заеднички настап со Чак Бери во Загреб е, секако, еден од најважните моменти во кариерата на групата. Преку фестивалот „Битола отворен град“, публиката која традиционално во голем број доаѓа на главниот музички настан, овојпат ќе има можност да го проследи настапот на оваа реномирана група – истакна Златко Талевски, извршен директор на МКЦ Битола на денешната прес-конференција посветена на фестивалот.

„Партибрејкерс“, покрај бројните настапи низ Европа, своите албуми ги промовирале на концерти во Америка и во Канада. Настапувале на целиот Балкан, при што биле звезди на повеќе големи регионални фестивали како „Ексит“, Белградскиот пиво-фест, „Ин мјузик“ во Загреб и многу други. Последен пат во Македонија настапија во 2011 година.

 

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Одбележани 121 година од смртта на Гоце Делчев

Претседателските кандидати Стево Пендаровски и Гордана Сиљановска Давкова положија цвеќе на гробот на Гоце Делчев во црквата „Св.Спас“, по повод 121 годишнината од неговото загинување. „Никој нема право да се...