fbpx

Паметните очила на „Гугл“ ќе добијат интел-чип

-

Идната верзија на паметните очила „гугл глас“ би требало да користи интел-процесор. Новите „гугл глас“, наводно, ќе бидат претставени следната година.

Досегашните чипови на компанијата „Тексас инструментс“, кои се наоѓаат во последната верзија на паметните очила, ќе бидат заменети со неименуван процесор „интел“. Тавиот развој на настаните, наводно, е дел од новата стратегија на „Интел“ за појава на пазарот на уреди кои можат да се носат.
Во рамки на стратегијата, „Интел“, освен чипови за паметните очила на „Гугл“, ќе промовира користење на истите и во други области, како што се здравствените институции и компании.

Технологијата на „Интел“ за уреди кои се носат ја вклучува и серијата на мали чипови x86 SoC Quark, минијатурен компјутер со големина на СД-картичка по име „едисон“, како и линија на интегрирани мобилни платформи SoC, наречени „паметни или футуристички телефони со интел архитектура“.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ЈСП: Неделен возен ред на велигденските празници

ЈСП соопшти дека од утре, петок, до понеделник јавниот превоз јавниот превоз ќе функционира по неделен возен ред. Утре ќе има исклучок за линиите 11, 11А, 18А, 32, 47А, 55,...