Војната во Сирија однела повеќе од 200.000 животи

Повеќе од 200.000 лица досега загинале во граѓанската војна во Сирија, соопшти Сирискиот центар за човекови права со седиште во Лондон.

Според податоците на центарот, кои се темелат на информации од активисти во Сирија, повеќе од 63.000 од загинатите се цивили, од кои 10.377 се деца.

Организацијата, исто така, наведе дека во конфликтот се убиени 76.000 владини војници и сојузници, како и 60.000 бунтовници и џихадисти.