fbpx

Оздравеа 111 пациенти, потврдени се 23 нови случаи на Ковид-19, а починати се 4 лица

-

Министерството за здравство информира дека денеска Институтот за јавно здравје регистрира 111 оздравени пациенти и тоа во: Скопје 13, Куманово 74, Штип 1, Прилеп 18, Битола 1, Охрид 1, Крива Паланка 1, Пробиштип 1 и Демир Хисар 1 пациент.

На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби почина пациент од Скопје на возраст од 62 години, а во ГОБ „8 Септември“ почина пациентка од Гостивар на 59 години.

Во денешниот извештај на Институтот се евидентирани и две починати лица од околината на Куманово, на возраст од 72 и 79 години, пациентка која се лекувала во домашни услови и пациентка која се лекувала на инфективното одделение во болницата во Куманово.

Во изминатите 24 часа направени се 386 тестирања, а потврдени се 23 нови случаи на Ковид-19 и тоа во: Скопје 5, Куманово 5, Прилеп 3, Тетово 6, Велес 2 и Неготино 2 нови случаи. Двете лица заведени во ПЕ Неготино, се жители на Демир Капија.

„Со ова вкупната бројка на дијагностицирани изнесува 1465, бројката на оздравени пациенти е 738, на починати е 77, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 650“, соопшти Министерството за здравство.

Вкупно се направени 386 теста, на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби се примени 2 нови пациенти, а вкупниот број на хоспитализирани е 49. На кислородна поддршка се 28, а на механичка вентилација се 2 пациенти.

Во ГОБ „8 Септември“ се примени  5 нови, а вкупно има хоспитализирани 24 пациенти. На респираторна машина се 4, а уште 3 се со потешка клиничка слика. Во болницата во Битола се лекуваат 4 лица, а на домашно лекување се следат 3. Во Штип се хоспитализирани 2 пациента, а уште 5 се следат на домашно лекување. На инфективните одделенија во Прилеп, Велес, Куманово, Охрид, Гостивар и Тетово се хоспитализирани вкупно 46 позитивни и суспектни на Ковид-19.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Амнестијата за „Хашките случаи“ е направена во 2011 година од ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ

Во јули 2011 година Собранието со гласовите на тогашното владејачко мнозинство изгласа амнестија за четирите „Хашки случаи“. Тогаш парламентот со 63 гласа „за“ и 29 „против“ (опозициски пратеници) го усвои...