fbpx

Откриена мала плантажа со канабис кај кичевското село Туин

-

Полициските службеници од полициската станица во Кичево пронајдоа вкупно 160 садници од растението канабис при акција реализирана на различни локации кај местата Башоски нивје и Таироски нивје во атарот на кичевското село Туин.

Акцијата за одземање следувалa по претходни оперативни сознанија дека на подрачјето на кичевското село Туин има неколку парцели со добро затскриени насади со стебла во различна големина од растението канабис.

Во акцијата, 108 садници се откорнати од неколку ниви во вкупна површина од 700 квадратни метри, кај Таироски нивје, додека 52 стебла од ниви во површина од 40 квадратни метри кај Башоски нивје.

Насадите, по претходна консултација со јавен обвинител, се откорнати и се испратени на вештачење во Министерството за внатрешни работи во Скопје.

Полициската станица од Кичево презема понатамошни мерки за утврдување на идентитетот на лицата што нелегално ги засадиле и ги одгледувале насадите од растението канабис.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Вучиќ кон Пикси откако автобусот се заглави во песок: „Тешки сме Драгане“

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека е договорено финалето на Лигата на Европа на УЕФА во 2028 година да се игра на Националниот стадион во Сурчин. Вучиќ на...