fbpx

Отфрлена истрагата за прислушувањето на Меркел

-

Германското обвинителство ја затвори истрагата за американското прислушување на мобилниот телефон на канцеларката Ангела Меркел.

Обвинението се заснова на документите што ги обелодени Едвард Сноуден, а во кои се наведува дека припадниците на Агенцијата за национална безбедност (НСА) го прислушувале телефонот на Меркел.

Главниот обвинител Харалд Ранге рече дека истрагата не успеала да открие докази за прислушувањето за да ја оправда правната постапка.

Ранге уште во декември 2014 година рече дека истрагата не успеала да открие доказ за прислушувањето и оти документот што го објавија медиумите „не е од базата на податоци на НСА“.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Полицијата ги растера пропалестинските активисти од зградата на универзитетот во Париз

Француската полиција денес влегла во зградата на парискиот универзитет „Сијанс По“, и ги растерала пропалестинските активисти. Група од околу 70 студенти ја окупирале зградата на Институтот за политички науки во...