Осуди за кривичното гонење на двајца грчки новинари што истражуваа капитален корупциски скандал

-

Грчкиот новинар Костас Ваксеванис се соочува со обвинение за четири кривични дела и можност да добие 20 години затвор поради неговото известување за скандалот со фармацевтската компанија „Новартис“. Неговата колешка Јоана Пападаку се соочува со обвинение за случајот „Новартис“, но и за таканаречната „Листа Лагард“ на можни затајувачки на данок.

Врвни меѓународни организации за заштита на слободното изразување и за слободата на медиумите порачаа оти се загрижени поради ваквата ситуација и дека двете судења ќе ги следат со крајна внимателност, поради нивната поврзаност и импликации врз слободата на медиумите.

„Властите мора да дадат гаранции дека процесот ќе биде јасно независен и ослободен од политичко вмешување“, порачаа International Press Institute (IPI), IFEX и низа сродни организации.

На 19 јануари Коста Ваксеванис, истражувачки новинар – ветеран и издавач на весникот „Documento“ сведочеше во Специјалниот виш суд за четирите кривични пријави за заговор за злоупотреба на службената положба преку известување на неговиот весник за скандалот Новартис. Според Кривичниот законис, Ваксеванис се соочува со пет години затвор ако биде прогласен за виновен, со максимална казна од 20 години. Неговиот весник го прогласи обвинението за политички мотивиран напад врз медиумски критичар што го разоткрил скандалот.

Јоана Пападаку, поранешна истражувачка новинарка и телевизиска водителка треба да се појави на суд утре соочена со речиси идентични кривични пријави, за учество во криминална група која правела заговор за фабрикување новинарски статии за случајот „Новартис“ и за таканаречената „Листа Лагард“, вклучувајќи и обвинение за наводна уцена на бизнисмен со критичко пишување. Пападаку го отфрли обвинението како „очигледно прекршување на владеењето на правото“.

Случајот „Новартис“ стана актуелен во 2018 година. Се изнесуваа наводи за подмитување политичари, лекари и припадници на јавната администрација и за „надувување“ на цените на лековите од страна на меѓународната компанија „Новартис“.

Досега не се покренати обвиненија против двајцата новинари, а за нивното кривично гонење реагираа грчки парламентарци од владејачката партија Нова Демократија и Одборот на директори на Панхеленската федерација на новинарски синдикати.

„Нашите организации внимателно го следат случајот. Кривичните пријави против Костас Ваксеванис и Јоана Пападаку се крајно сериозни и со себе носат со себе големи затворски казни. Природата на обвинувањата, нивната сврзаност со истражувачката новинарска работа за корупцијата и потенцијалното затворање на двајца новинари во земја-членка на ЕУ раѓаат оправдани сомнежи за слободата на медиумите и изискуваат крајно внимателно постапување“, се вели во соопштението на организациите за слобода на говорот и за слободата на медиумите.

Тие додаваат дека апсолутно јасно е дека судските власти што го разгледуваат овој случај мора во целост да ги почитуваат стандардите за слободата на медиумите и за функцијата на истражувачкото новинарство во демократските општества. Згора на тоа, земајќи ја предвид политизираноста на скандалот, неопходно е да се гарантира дека судските власти ќе дејствуваат потполно независно.

„Ние ќе продолжиме внимателно да ги следите двата случаја, а поднесовме известувања до Mapping Media Freedom (MMF) и до платформата за безбедност и заштита на новинарите на Советот на Европа“, наведуваат организациите за слобода на говорот и за слободата на медиумите.

 

Владата ја донесе Националната стратегија за сајбер безбедност 2025–2028 година

Денеска, на прес-конференција во Владата, министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски, официјално ја претстави Националната стратегија за сајбер безбедност 2025–2028 година, стратешки патоказ за зајакнување на отпорноста и безбедноста на државата...

170 жени годишно заболуваат од рак на грло на матка, болеста може да се спречи со вакцинација

Според податоците на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ), во Македонија се забележува дека бројот на нови случаи за 2022 година со рак на грлото на матка изнесува 173, а бројот на...

СЕММ: Најмногу жалби за онлајн медиумите, најчесто се прекршува првиот член од Кодексот на новинари

Најголем дел од жалбите кои лани стигнале до Комисијата за жалби при Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ), се однесуваат на интернет порталите - за онлајн медиумите минатата година...

Директорот на „Блекрок“ не рекол дека „целта на депопулацијата е да се замени човечкиот труд со ВИ“

Вистиномер рецензираше објава на социјалната мрежа Фејсбук во која се споделува видеоматеријал и во описот пишува: 15.01.2025 Извршниот директор на BlackRock објаснува како вистинската цел на депопулацијата е полесно да се замени човечкиот труд со вештачка...

Владата ја донесе Националната стратегија за сајбер безбедност 2025–2028 година

Денеска, на прес-конференција во Владата, министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски, официјално ја претстави Националната стратегија за сајбер безбедност 2025–2028 година, стратешки патоказ за зајакнување на отпорноста и безбедноста...