fbpx

Осуденик од случајот „Детонатор“ фатен при бегство за Бугарија

-

Македонскиот регионален центар за граничниот реон Исток, во соработка со бугарската гранична полиција, успеа да го фати кочанецот Ѓ.И. (41), осуден по акцијата „Детонатор“, а побегнат од затворот во Струмица.

Ѓ.И. по бегството од затворот, имал намера илегално да ја премине државната граница, за по илегален пат да ја напушти Македонија и да влезе во Бугарија. За таа цел, од страна на Регионалниот центар за граничниот реон Исток на повеќе места се поставени сигнални фотокамери за надзор на државната грaница.

По добиен сигнал од камера „скаут“, поставена во близина на македонско-бугарската граница, добиена е слика на две лица кои се движат кон државната граница, при што по претходно подготвениот план за постапување, на местото на настанот излезени се групите за интервенција од Регионалниот центар за граничниот реон Исток и Граничната полиција на Бугарија, при што едното лице е фатено на местото на настанот на бугарска територија, а другото се дало во бегство.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Вучиќ кон Пикси откако автобусот се заглави во песок: „Тешки сме Драгане“

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека е договорено финалето на Лигата на Европа на УЕФА во 2028 година да се игра на Националниот стадион во Сурчин. Вучиќ на...