fbpx

Општина Кисела Вода: Ги запазуваме роковите за предвидените градежни активности

-

Најостро ги демантираме наводите изнесени на прес-конференцијата на претседателот на општинската организација на СДСМ Кисела Вода, Филип Темелковски кои се во целост неточни и имаат за цел да ја дезинформираат јавноста и да го оттргнат вниманието од она што е постигнато во општина Кисела Вода во изминатиот период, се вели во реакцијата на општина Кисела Вода.

„Ве уверуваме, а жителите на општината тоа добро го знаат бидејќи секојдневно се тука, дека роковите за предвидените градежни активности се запазуваат и се превземаат сите мерки за граѓаните да имаат олеснета сообраќајна комуникација во периодот додека се врши градежниот зафат. Се прават и чести увиди на терен, редовно се дискутира со локалното население околу потребите што ги има, се врши контрола на градежните фирми кои работат. Како резултат на посветената работа на градоначалникот Беличанец- Алексиќ и на советниците, секогаш во интерес на граѓаните, произлегоа огромен број на проекти“, велат од Општината.

Од Општина Кисела Вода додаваат дека жителите на општината се добро информирани за секој градежен зафат што се случува.

Од таму велат дека градежните дејствија кои се одвиваат на Борис Трајковски не се во надлежност на градоначалникот на општината туку на Градот Скопје.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

НБО вели дека поскапеното автоосигурување е реално, Битиќи бара повлекување на одлуката

Порастот на цената на полисата на задолжителното автоосигурување се должи на континуираниот раст на цените на реосигурувањето, автомобилите, резервните делови и на порастот на платите и постојаната голема инфлациона...