fbpx

Нови тензии помеѓу Белград и Загреб, Дачиќ ја откажа посетата во Хрватска

-

Министерот за надворешни работи на Србија, Ивица Дачиќ денеска го откажа учеството на неформалниот состанок на министрите за надворешни работи што треба да се одржи на почетокот на март во Загреб, поради изјава на шефот на хрватската дипломатија Давор Штир.

Како што соопшти Министерството за надворешни работи, последната јавна изјава на хрватскиот министер „не е во согласност со основните принципи на почитување на добрососедските односи и промоција на регионалната соработка и нарушување на достигнатото ниво на доверба“.

Министерството оценува дека Хрватска, како членка на ЕУ се однесува во спротивност со основните вредности на ЕУ.

„Повеќе пати укажувавме на потребата хрватските власти да се дистанцираат од обидите за рехабилитација на Независна Држава Хрватска, која во историјата остана запишана како фашистичка и усташка создадена, чии лидери извршија бројни ѕверски злосторства и геноцид над припадниците на српскиот, еврејскиот и ромскиот народ“, се наведува во соопштението.

Од таму додаваат дека Србија, и покрај тоа, е длабоко уверена дека ни различната историја не треба да биде пречка за меѓусебните односи и дека мора да се гледа во иднината, а не во минатото.

Серијата обвинувања на релација Белград-Загреб почна минатиот четврток по откривањето на споменикот на кардиналот Алојзије Степинац кога Дачиќ ја обвини Хрватска за подигнување на споменик на „воен злосторник“.

Хрватскиот министер потоа го одби предлогот на Дачиќ за билатерален состанок, а Дачиќ во неделата на прес-конференција рече дека бил подготвен на дијалог со хрватскиот колега, иако тој доаѓа од семејство кое се борело против фашистите, а Штир доаѓа од усташко семејство.

Штир денеска одговори дека Хрватска и понатаму сака да развива односи со Србија, но дека тоа не може да се оствари со Дачиќ, на што шефот на српската дипломатија одговори дека Загреб и Белград добро соработувале се додека во Хрватска не почнале да прославуваат усташки потези, а потоа го откажа и учеството на регионалниот состанок.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Бесплатно демо за платформската игра „Бласфемос“

На Steam може да се симне бесплатно демо од играта Blasphemous. Станува збор за платформска игра за возрасни која функционира како Souls игра, а естетски наликува на старата добра...