fbpx

Охридските советници утре ќе избираат в.д. градоначалник

-

Општина Охрид испратила известување до Министерството за локална самоуправа кое пак ја известило Владата за престанок на функцијата градоначалник на Охрид поради ненадејната смрт на градоначалникот Јован Стојаноски.

Во моментов во општината нема овластен потписник и администрацијата не може да прими плата. За да може опшината да функционира ќе се избира в.д. градоначалник.

За утре во 11 часот претседателката на Советот, Живка Ангелоска, свика вонредната седница на Советот на општината. На дневниот ред е само една точка односно „Избор на вршител на должноста градоначалник на општина Охрид“.

Избори за градоначалник распишува Собранието кое Освен за Охрид треба да распише избори и за Дебар и Ново Село.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

САД изрече стотици нови санкции насочени кон Русија

Американското министерство за финансии вчера изрече стотици нови санкции насочени кон Русија поради војната во Украина, како и санкции за компании и поединци во  земји како Кина, Белгија и...