fbpx

Охрид: Општината се премисли, ќе се поништува постапката за концесија на јавното осветлување

-

Советот на Општина Охрид на седницата закажана за среда, 29 април, се очекува да ја поништи постапката за концесија на јавното осветлување во Охрид. На една од претходните седници, советниците ја изгласа одлуката за избор на приватен партнер кој би требало да го одржува и модернизира уличното осветлување во градот.
Во јавното-приватно партнерство требаше да влезе компанијата „ИЦС Системи“ од Чешка, која, според планот на Општината, ќе го добиеше јавното осветлување во Охрид под концесија со времетраење од 15 години. Тогаш локалната самоуправа најави инвестиција од 3 милиони и 570 илјади евра во модернизација на системот за осветлување, а по завршување на договорот, целиот систем, во функционална состојба, да припадне на Општина Охрид.

На ваквиот потег се спротиставија советниците од опозициските партии во Советот на Општина Охрид, според кои, одлуката за одржување на осветлувањето во општината преку јавно-приватно партнерство значи откажување од приходи во буџетот на Општината во наредните години и тоа во износ поголем од пет милиони евра.

Опозицијата тоагаш реагираше со тврдење дека студијата јасно покажува дека вкупната инвестиција изнесува само 3,5 милиони евра, а за време на 15 години, период колку што е договорот за јавно-приватно партнерство, приватниот партнер ќе ги врати вложените средства и ќе заработи повеќе од пет милиони евра.

Советниците од СДСМ и од ЛДП отворено говореа дека станува збор за сериозни суми пари, кои значително можат да придонесат за развој на општината и за реализација на многу комунални проекти значајни за граѓаните на Охрид.

Тие го поставија и прашањето дали можеби причината за оваа економски нелогична зделка е што зад наводниот инвеститор од Чешка Република, всушност, стои македонски државјанин, близок до локалната власт и до ВМРО-ДПМНЕ.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Одбележани 121 година од смртта на Гоце Делчев

Претседателските кандидати Стево Пендаровски и Гордана Сиљановска Давкова положија цвеќе на гробот на Гоце Делчев во црквата „Св.Спас“, по повод 121 годишнината од неговото загинување. „Никој нема право да се...