fbpx

Оглас за Програмата за практикантство, ќе учествуваат нови 1.000 лица

-

Нови 1.000 млади лица годинава може да стекнат практично знаење во компаниите што ќе се пријават за учество во Програмата за практикантство, а со тоа да добијат и можност за вработување. Програмата ја спроведува Агенцијата за вработување од 2009 година, а досега од потпишани 1.400 договори, вкупно се вработени 1.070 лица. Учествуваат компании од разни сектори, но најчесто од услужниот сектор, од производството, правни и сметководствени бироа.

– Во тек е нова постапка, односно веќе е распишан оглас за сите приватни компании што сакаат и имаат можност да учествуваат во Програмата за практикантство. Ова е одлична можност за невработените млади лица, за оние кои имаат завршено средно и високо образование да стекнат практична работа и искуство во реални услови кај приватните компании. Исто така, да даваат сè од себе, да го покажат својот максимум и побргу и полесно да стекнат работен однос. Истовремено, оваа мерка за практикантство претставува одлична можност за приватните компании да најдат соодветен кадар, да ги обучат практикантите и сите што ќе покажат интерес и ќе се покажат во работата како амбициозни млади луѓе, потоа да се вработат – изјави министерот за труд и социјална политика, Диме Спасов, при денешната посета на компанијата „Винер осигурување“, која, како што рече, е успешен пример во оваа програма, преку која се вработени 30 проценти од вработените во компанијата.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.