fbpx

Град Скопје сепак не може без приватните превозници, распишан нов јавен повик за 16 автобуски линии

Јавниот превоз во Скопје сè уште не закрепнал целосно по хаосот кој започна во октомври, а кулминираше во декември минатата година. Приватните превозници блокираа клучни крстосници, а сообраќајот во главниот град неколку дена по ред беше во колапс.

-

Град Скопје распиша нов повик за приватни превозници во јавниот превоз. Иако градоначалничката Данела Арсовска тврдеше дека јавниот превоз во главниот град може да функционира и без нив, Градот по трет пат објавува оглас, откако претходните два поминаа неуспешно.

Новиот јавен повик се однесува за вкупно 16 линии, односно за линиите со број 9, 11, 11А, 12, 19, 20, 22, 23, 45, 47А, 52, 54, 55, 61, 63 и 73. Краен рок за поднесување на пријавите од страна на приватните автобуски превозници е 21 март, до 12 часот напладне.

Пакетите на линиите се доделуваат за период до најмногу две години, со можност за продолжување, но не повеќе од пет години.

Право на учество на јавниот оглас имаат превозници – правни лица и трговци поединци, поединечно или организирани како група, кои ќе ги исполнат условите утврдени во документацијата за јавниот оглас и ќе достават банкарска гаранција или ќе го уплатат гарантниот депозит за учество на јавниот оглас.

И на овој конкурс не можат да учествуваат „Слобода Превоз“ и „Макекспрес“ поради договорот кој градот го раскина со нив, а кој предвидуваше забрана за учество доколку се раскине пред истекот на истиот и по вина на превозниците.

Од Град Скопје велат дека немаат долг кон овие два превозника.

„Што се однесува до тековните обврски од ЈСП Скопје кон приватните превозници, истите ќе бидат исплатени согласно потпишаните договори, додека трае јавниот повик за нови договори за јавен превоз“, се вели во соопштението на Град Скопје.

Инаку, на почетокот од годинава, скопската градоначалничка Данела Арсовска, додека зборуваше пред медиумите на тема распишување на огласи за приватни превозници, рече дека градот можел и без приватни превозници.

Од Градот сега соопштија дека, со цел подобрување на услугите на јавниот превоз, годинава е планирано и дополнително зголемување на капацитетите на ЈСП со нови еко автобуси.

Во јануари, Советот на градот не го одобри предлогот на Град Скопје за заем во некоја од домашните банки за набавка на нови автобуси за ЈСП.

Јавниот превоз во Скопје сè уште не закрепнал целосно по хаосот кој започна во октомври, а кулминираше во декември минатата година. Поради тврдењата за неисплатени долгови, приватните превозници блокираа клучни крстосници, а сообраќајот во главниот град неколку дена по ред беше во колапс.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Почина Велибор Џаровски – Џаро

По кусо боледување, денеска на 75 години почина Велибор Џаровски-Џаро, еден од најпознатите менаџери на просторите на бивша Југославија. Здравко Чолиќ, Мишо Ковач, Маја Оџаклиевска, Оливер Драгојевиќ, „Бијело дугме“, Тереза...