fbpx

Одбележана годишнината на киднапираните и убиени Македонци од Непроштено

-

Одбележана е 14-годишнината на киднапираните и убиени Македонци од село Непроштено. За време на воениот конфликт во 2001 година, во ова село беше свирепо убиен Стојан Михајловски, а беа киднапирани неговите соселани Крсто Гоговски, Михајловски Цветко и Михајловски Васко. Нивните тела сè уште не се пронајдени.

Единствен потсетник е спомен-обележјето изградено во нивна чест, каде попладневно се одржа годишнината, на која присуствуваа голем број граѓани, здруженија, претставници од Собранието и од политички партии.

– 14 години сме во голема болка и тага за киднапираните и убиени Македонци. Но, сепак, мора да се потсетуваме на нив и да се продолжи да се одбележува годишнината, тоа е дел од нашата историја која нè прави горди, затоа што тие ги дадоа животите за нашата татковина, изјави Марин Најдов, претседател на Одборот на бранители.

Војо Гоговски, син на еден од киднапираните Македонци, сè уште е со надеж дека ќе се најдат телата на исчезнатите од воениот конфликт, а злосторниците ќе се казнат.

– Пред околу два месеци, Комитетот за тортура на Обединетите нации и „Амнести интернешнел“ објавија извештај во кој отворено побараа да се истражат повторно хашките случаи, во кои спаѓа и случајот со исчезнатите од Непроштено. Оттаму побараа да се најдат и преземат мерки против извршителите и да се интервенира во легислативата на Законот за амнестија, кој се дoнесе во собраниска процедура во Македонија – изјави Војо Гоговски.

Со Законот за амнестија, се затвори истражната постапка за четирите хашки случаи, во кои освен случајот со Непроштено, спаѓаа и случаите со мавровските работници, браната на Липковско Езеро и со водството на ОНА. Сите истраги поврзани со овие настани, уште во 2008 година од Хашкиот суд беа вратени во македонскиот правосуден систем, за нивно целосно расчистување, но Законот за амнестија ја запре постапката.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Полицијата насилно го задуши про-палестинскиот протест на Универзитетот Калифорнија

Стотици полицајци влегоа на кампусот на Универзитетот Калифорнија (УКЛА) денес во обид да го расчистат про-палестинскиот протестен камп, кој вчера беше нападнат од израелски поддржувачи, пишува Гардијан. Се проценува дека...