fbpx

Од денеска функционира бродската линија Охрид – Поградец

-

Лани воспоставената бродска линија Охрид – Поградец ќе функционира и годинава, како што беше зацртано од самиот почеток и без измени, вели Горан Устијаноски од Капетанијата на пристаништа на Република Макдонија во Охрид.

Интересот кај бродарите за оваа бродска линија се зголемува. Сите што се заинтересирани за оваа пловидба треба да се обратат и да побараат одобрение од Министерството за транспорт и врски.
Решението за определување привремен граничен премин кое го потпишуваат МВР и Царинската управа е веќе издадено, со важност од 5 јуни до 15 октомври 2015 година.

– Преминот повторно ќе биде кај Свети Наум. Процедурите ќе бидат исти како и претходната година, а бродарите веќе почнаа да си закажуваат свои тури од кои првата е денеска. Од албанска страна нема никаква пречка. Информирани се колегите и таму документите биле без рок на важење, така што годинава немаше потреба да ги обновуваат. Ќе функционираме по стариот редослед – изјави Горан Устијаноски.

Устијаноски појаснува дека во Охрид е отворена уште една дестинација интересна за самите бродари. Поградец не е некоја развиена туристичка дестинација, но за бродарите е интересна, особено за оние кои на пазарот гледаат нови можности и иновации.

Минатата година беа реализирани 15 бродски тури до Поградец, што е еден солиден број, со оглед на тоа што токму лани почна да се реализира оваа линија. Најчесто се превезуваа странските гости, но имаше и домашни кои сакаа да видат како функционира сето тоа.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ДИК апелира да не им се попречува работата на новинарите за време на изборите

Државната изборна комисија (ДИК) денеска достави писмен одговор по испратената претставка од страна на Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ), поврзана со случајот со прекршувањата на правата на новинарката...