fbpx

Од денеска до четврток Петта светска средба на децата-бегалци

-

Петтата светска средба на децата бегалци во организација на Републичкото здружение на децата бегалци од Егејскиот дел на Македонија во соработка со здруженијата од Велес, Штип, Радовиш, Струмица, Битола, здужението „Чеган” од Скопје и здруженијата на децата бегалци од дијаспората се одржува од денеска до четврток во повеќе градови низ Македонија.

Подготовките почнаа во октомври минатата година, а настанот е во рамки на одбележувањето 70 години од напуштањето на нивните родни огништа во 1948 година за време на Граѓанската војна во Грција. Програмата на средбата е прифатена од Владата на Република Македонија, Министерството за култура, градот Скопје, како и општините каде се предвидени одделни активности, соопшти Републичкото здружение на децата бегалци од Егејскиот дел на Македонија, кое ги има организирано четирите досега одржани средби на децата бегалци – во 1988, 1998, 2003 и во 2008 година.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Правиме букви“ – утре детска работилница за фонтови во „Бруталиск“

Утре, в недела во 11 часот во КЦ Бруталиск се одржува бесплатна работилница за писма, фонтови и типографија за деца над шест годишна возраст. Под менторство на Небојша Гелевски...