fbpx

Обвинителството побара притвор за сопственичката на „Стoриа травел“ за измама

-

По поднесената кривична пријава против туристичката агенција „Сториа травел“ за измама на Македонци од САД со евтини авиобилети, Основното јавно обвинителство – Прилеп до Основниот суд во Прилеп упати барање да се притвори сопственичката. Исто така, ОЈО-Прилеп донело наредба за спроведување истражна постапка против едно физичко и едно правно лице од Прилеп.

„Првоосомниченото лице, како управител и во име на второосомниченото правно лице, од крајот на 2015 година до крајот на август 2016 година, со намера за себе и за правното лице да прибави противправна имотна корист, довело и одржувало во заблуда осум лица од Прилеп, четири лица од Скопје, две лица од Струга, по едно лице од Тетово, Битола и од Охрид и четири лица од Австралија, како и едно правно лице од Скопје. Осомниченото лице и покрај тоа што знаело дека не е овластено да продава промотивни авионски билети – по цени пониски од реалните, како и дека не поседува потребни дозволи за организирање на авионски превоз – ИАТА-сертификат, во контактите со оштетените лажно прикажувало дека второосомниченото правно лице е регистрирано и го поседува потребниот сертификат за туристички аранжмани и е овластено да продава промотивни авионски билети. Со ваквите дејства, првоосомниченото лице ги навело оштетените да направат штетно располагање на својот имот по цени што тоа ги определило и на сметка на правното лице да уплатат соодветен паричен износ за туристички аранжман и за авионски билети“, стои во соопштението од ОЈО Прилеп.

Оштетените, се вели во соопштението, дел од паричните средства ги уплаќале на сметката на правното лице, а дел во готово на првоосомниченото лице.

„По приемот на паричните средства, на име на оштетените за уплатените туристички аранжмани од страна на првоосомниченото лице не биле обезбедени сместувачки капацитети во хотелите, ниту авионски билети за уплатените дестинации. На тој начин, уплатените парични средства осомничените противправно ги присвоиле за себе, а на оштетените им причиниле штета што надминува значителна вредност, во вкупен износ од 3.254.675 денари. Против првоосомниченото лице, надлежниот јавен обвинител од Основното јавно обвинителство – Прилеп, ценејќи дека се исполнети условите, до судијата на претходна постапка при Основниот суд во Прилеп, поднесе предлог за определување притвор“.

Како што пишуваше „Мета“, повеќе од 30 тужби поднесоа Македонци што живеат во САД, против сопственичката на прилепската туристичка агенција „Сториа травел“, обвинувајќи ја за измама со евтини авиобилети.

Македонци, иселеници, обвинуваа за измама со евтини авиобилети до скопскиот аеродром. Целата ујдурма настанала за време на новогодишните прослави за Македонците во дијаспората, кога пејачката Елена Јовчевска, која ги забавувала, а е по потекло од Прилеп, им понудила евтини авиобилети до Македонија преку австриската авионска компанија „Aустриан ерлајнс“. Тие парите, пак, ѝ ги исплаќале директно на сопственичката на туристичката агенција „Сториа травел“, Јасмина Јорданоска-Чебренска.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ДИК апелира да не им се попречува работата на новинарите за време на изборите

Државната изборна комисија (ДИК) денеска достави писмен одговор по испратената претставка од страна на Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ), поврзана со случајот со прекршувањата на правата на новинарката...