fbpx

Кривична пријава за сопственичката на „Сториа травел“ за измамата со авиобилети

-

Полициската станица Прилеп до Основното јавно обвинителство Прилеп поднесе кривична пријава против Ј.Ч. (29) од Прилеп поради постоење основан сомнеж за сторени кривични дела злоупотреба на службената положба и овластување, измама и фалсификување или уништување на деловни книги, како и против правното лице „Сториа травел“ поради постоење сомнеж за сторени кривични дела измама и фалсификување или уништување на деловни книги.

Повеќе од 30 тужби поднесоа Македонци што живеат во САД, против сопственичката на прилепската туристичка агенција „Сториа травел“, обвинувајќи ја за измама со евтини авиобилети.

Македонци, иселеници, обвинуваа за измама за евтини авиобилети до скопскиот аеродром. Целата ујдурма настанала за време на новогодишните прослави за Македонците во дијаспората, кога пејачката Елена Јовчевска, која ги забавувала, а е по потекло од Прилеп, им понудила евтини авиобилети до Македонија преку австриската авионска компанија „Aустриан ерлајнс“. Тие парите, пак, ѝ ги исплаќале директно на сопственичката на туристичката агенција „Сториа травел“, Јасмина Јорданоска-Чебренска.

Според соопштението од МВР, првопријавената во улога на управител на ТА „Сториа травел“, фирма која до 4 август 2015 година работела под називот „Виаџо“ со седиште во Прилеп, извршила промена на седиштето во Скопје, а седиштето кое претходно било во Прилеп го регистрирала како подружница на оваа фирма. На 3 септември 2015 година поведена е претходна постапка – предстечај со решение од Основен суд Скопје 2, при што е воведена и општа забрана за располагање со имотот на должникот. Со решение од 20 јануари 2016 година од Основен суд Скопје 2 стечајната постапка се заклучува и се задолжува нов стечаен управник да врши надзор и контрола врз спроведувањето на планот за реорганизација на „Виаџо“.

„Пријавената, со намера да стекне противправна имотна корист, кон крајот на 2015 и на почетокот на 2016 година, континуирано до август, повторно почнала со вршење на услуги на туристички агенции, при што со лажно прикажување дека е овластена да продава промотивни авиобилети – по цени далеку поевтини отколку реалните, без да ги поседува потребните дозволи – сертификати за организирање на авиопревоз – ИАТА-сертификат, и без да склучува какви било договори за соработка со авиопревозниции, примала парични средства од граѓани. Парични средства дел од граѓаните ги уплаќале на жиро-сметката на фирмата „Сториа травел“, а на поголем број од нив паричните средства им биле наплаќани во готово. На дел од оштетените им издавала каса-прими, од други оштетени, пак, примала пари во готово пред нотар. Исто така, дел од оштетените паричните средства ги уплаќале на жиро-сметка на сопственост на нејзината мајка С.Ј. Голем дел од оштетените граѓани, особено граѓани кои живеат во странство, парите ѝ ги плаќале лично на пријавената преку услугата „брз трансфер на пари“, особено во периодот додека се води стечајната постапка, односно пред активирањето на жиро-сметката на фирмата во март 2016 година“, стои во соопштението.

За целокупното работење, се вели понатаму во пријавата, првопријавената не водела никаква книговодствена евиденција, ниту издавала фискални сметки, ниту, пак, прикажувала и плаќала ДДВ.

„Имено, за примените пари пријавената на дел од оштетените граѓани им подготвувала договори за аранжмани без датум на склучување на договорите, при тоа не водејќи сметка дали фирмата е во фаза на стечај, дали е со седиште во Скопје или Прилеп, при што предмет на договор се количински определен број на авиобилети со неопределен датум на лет и релација и дестинација, само со наведување на авиопревозникот, а со важност од една, три или пет години, со напомена задолжително букирање на авиобилетите 30 дена пред денот на летање, до 72 часа пред летот со можност за промени. На други, пак, преку електронска коресподенција им доставувала само резервација за авиобилет без притоа да им достави авиобилет кој се обезбедува откако плаќањето ќе биде извршено. Како гаранција дека истата им обезбедила авиобилети се електронски термини на летовите кои се вклучени за одредена дестинаци, додека на ниту еден од оштетените граѓани им нема доставено потврда за извршено плаќање на авиобилет“, пишува во пријавата.

Во намамувањето, според полицијата, пријавената кај голем дел од оштетените ја користела Е.Ј. – нејзина братучетка, која често патува во странство и има контакти со иселеници од Македонија, кои имале потреба од авионски билети за посета на Македонија.

„Пријавената воедно и ја вработила во нејзината фирма од 1 март 2016 година, а ја овластила и за потисник на жиро-сметката од 10 јули 2016. На ваков начин пријавената оштетила петнаесетина субјекти од кои едно е правно, а другите се физички лица и притоа стекнала противправна имотна корист од 1.613.446 денари“, стои во соопштението од МВР.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Изложба „Уметници и бегалци“ во Чифте Амам

Изложбата „Уметници и бегалци“ ќе се отвори во вторник (2 aприл) во Националната галерија Чифте Амам во скопската чаршија. Делата на изложбата се инспирирани од сведоштва кои биле директно раскажани...