fbpx

ОБСЕ-ОДИХР: Политичката криза се влоши по одлуката за аболиција

-

Во периодичниот извештај на ОБСЕ-ОДИХР  за периодот од 31 март до 19 април, пишува дека политичката клима е влошена по одлуката за аболиција на претседателот Ѓорге Иванов, како и дека ДИК работи во напната политичка атмосфера.

„Политичката клима се влоши по 12 април, кога претседателот Иванов ги помилува сите обвинети лица под истрага и лица осомничени за вмешаност во т.н. „скандал со прислушување“. Сите поголеми политички партии го осудија помилувањето и го повикаа претседателот да ја отповика својата одлука“, стои во извештајот.

За Државната изборна комисија се вели дека работи во напната политичка атмосфера.

„ДИК работи во напната политичка атмосфера и нивните долги седници привлекуваат значително внимание од медиумите. На 15 април, ДИК донесе одлука дека е подготвена за спроведување на „фер и демократски избори“. Претседателот на ДИК и двајца претставници на опозицијата одбија да учествуваат во гласањето“, констатираат од ОБСЕ-ОДИХР.

Во документот стои и дека некои од соговорниците со кои разговарале од набљудувачката мисија за избори, изразиле загриженост за опаѓањето на медиумската слобода поради политички притисок и за мешањето на сопствениците во работата на новинарите.

„Тие, исто така, ја нагласија потребата од суштински реформи. Претставникот на ОБСЕ за слобода на медиумите, исто така, ги повика властите ’да го намалат притисокот врз медиумите и да ги почитуваат слободните и критички настроените гласови’“, се вели во извештајот.

Според ОБСЕ-ОДИХР, некои од партиите на малцинствата изјавиле дека не постојат услови за веродостојни избори и дека поради тоа нема да учествуваат во изборите.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Турција ја прекина трговијата со Израел поради „хуманитарната трагедија“ во Газа

Турските власти ги прекинаа трговските односи со Израел, а турското Министерство за трговија соопшти дека мерките ќе траат се додека Израел не дозволи „непрекинат проток“ на помош во Газа, пишува...