Објавени се резултати од приговорите за сместување во студентските домови во Скопје

Оние студенти што не беа задоволни со резултатите за сместување можеа да достават приговор директно во студентскиот дом во кој аплицирале

Фото: Мета.мк

Министерството за образование и наука (МОН) денеска ги објави резултатите од поднесените приговори за сместување во студентските домови во Скопје.

Резултатите од конкурсот за сместување на студентите во домовите станаа достапни на 5 септември, а оние студенти што не беа задоволни можеа да достават приговор директно во студентскиот дом во кој аплицирале, најдоцна пет дена од денот на објава на резултатите.

Од Државниот студентски дом – Скопје претходно за Мета.мк рекоа дека биле поднесени околу 800 приговори на резултатите за сместување во студентските домови. Најголем дел од приговорите биле за префрлања од еден студентски дом во друг, а останатите се однесувале на барања за ослободување од плаќање станарина и исхрана.

Резултатите може да се погледнат во прилог.

Резултати од поднесени приговори за студентските домови во Скопје