Објавен огласот за нов јавен обвинител, почнуваат да течат роковите за пријавување

-

Собранието на Република Македонија денеска го објави огласот за именување нов државен јавен обвинител, по разрешувањето на Марко Зврлевски од оваа функција.

Со ова и официјално почнува да тече рокот од 15 дена за пријавување на заинтересираните кандидати за оваа функција.

„Заинтересираните кандидати кои ги исполнуваат условите предвидени со членот 44, ставови 1 и 2 од Законот за јавно обвинителство (да е државјанин на Република Македонија, активно да го владее македонскиот јазик, да е работоспособен и да има општа здравствена способност, да има стекнато универзитетска диплома за дипломиран правник во Република Македонија или нострифицирана диплома од странство, да има положено правосуден испит во Република Македонија и да има работно искуство од најмалку осум години со потврдени резултати на правни работи по положениот правосуден испит, или редовен или вонреден универзитетски професор кој предавал повеќе од десет години правен предмет од правосудната практика), пријавите со потребните документи треба да ги поднесат до Собранието на Република Македонија, во рок од 15 дена од денот на обајвувањето на одлуката во ’Службен весник’“, пишува во огласот, потпишан од претседателот на Собранието, Талат Џафери.

oglas za imenuvanje na javen obvinitel 2
Рокот за пријавување на заинтересираните кандидати е 15 дена, пишува во огласот потпишан од претседателот на Собранието, Талат Џафери

Инаку, Собранието го изгласа распишувањето на огласот за именување нов државен јавен обвинител пред точно една недела.

Според Законот, по пријавувањето на кандидатите, Владата мора да поднесе барање за мислење до Советот на јавни обвинители, кое има обврзувачка улога.

Советот има рок од 15 дена од денот на приемот на барањето од Владата да даде позитивно или негативно мислење за сите пријавени кандидати. По тоа, до Собранието доставува предлог за именување јавен обвинител со кандидатите за кои Советот дал позитивно мислење.

Доколку Советот на јавни обвинители од оправдани причини во рок од 15 дена не достави мислење, добива дополнителен рок од 15 дена, а ако и во овој рок Советот не достави мислење, се смета дека мислењето е позитивно.

Во случај Советот да не даде позитивно мислење за ниту еден од пријавените кандидати, Владата не може да достави предлог за именување јавен обвинител и може да му предложи на Собранието да го повтори огласот.

За именувањето, како и за разрешување државен јавен обвинител, Собранието одлучува со просто мнозинство, односно со 61 глас.

Засега во јавноста своите кандидатури ги најавија адвокатите Александар Тортевски, Звонко Давидовиќ, Александар Наков, Сејфула Османи и нотарката Лорија Ваневска.

Скенирајте ги вашите зеници и докажете дека сте човек – новата дигитална борба за идентитет

Дали сте робот? Сигурно досега многупати се имате сретнато со ова прашање кога пристапувате до некој сајт или социјална мрежа. Ваквиот филтер познат како reCaptcha на „Гугл“ го користат многу сајтови...

Трамп лажно тврди дека Австралија е „преплавена“ од Јужноафриканци кои бегаат од „геноцид“

Доналд Трамп лажно тврди дека Австралија е „преплавена“ од бели Јужноафриканци кои ги напуштиле своите фарми, повторувајќи неоснована теорија на заговор дека белците во Јужна Африка систематски се убивани и нивната...

Сиљановска-Давкова: Културата е најмоќниот ресурс на малите народи и треба да го добие вистинското место во дипломатијата

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, во својство на домаќинка, се обрати на третата сесија на Форумот за културна дипломатија, што се одржува под покровителство на поранешниот македонски претседател, Ѓорге Иванов. Говорници на сесијата беа:...

Силен земјотрес во морето северно од Крит, издадено предупредување за цунами

Силен земјотрес со јачина од 6,1 степени според Рихтеровата скала го погоди морскиот регион североисточно од грчкиот остров Крит утрово во 6:19 часот по локално време, објави грчки Катимерини. Епицентарот бил...

Скенирајте ги вашите зеници и докажете дека сте човек – новата дигитална борба за идентитет

Дали сте робот? Сигурно досега многупати се имате сретнато со ова прашање кога пристапувате до некој сајт или социјална мрежа. Ваквиот филтер познат како reCaptcha на „Гугл“ го користат...