вторник, 19 мај, 2026
Meta.mk

Ознака: именување | 25 резултати

Наместо за буџетот, Собранието денеска ќе гласа за нов државен јавен обвинител

декември 15, 2017

Наместо за предлог-буџет за 2018 година, Собранието денеска ќе гласа за изборот на нов државен јавен обвинител, функција за која Владата го предложи Љубомир Јовески, член на Советот на јавни обвинители. Од Собранието соопштија дека „поради неодложни активности на дел од членовите на Владата“, која попладнево ќе одржи заедничка зедница со владата на Албанија во […]

Собранието денеска треба да го именува новиот јавен обвинител

ноември 25, 2017

Собранието денеска ќе ја одржи 22. седница, на која прва точка на дневен ред е именувањето на нов државен јавен обвинител, функција за која Владата го предложи Љубомир Јовески, актуелен член на Советот на јавни обвинители. На оваа седница, покрај именувањето на јавниот обвинител, на дневен ред се уште седум точки, меѓу кои се и […]

Именувањето јавен обвинител и Законот за заштита на сведоци в сабота пред пратениците

ноември 21, 2017

Претседателот на Собранието, Талат Џафери, за сабота (25 ноември) ја закажа седницата за именување нов државен јавен обвинител, функција за која Владата го предложи Љубомир Јовески. Според календарот на седници на официјалната интернет-страница на Собранието, именувањето државен јавен обвинител е прва точка на 22. седница. Трета точка на дневниот ред се измените на Законот за […]

Владата го предложи Љубомир Јовески за нов државен јавен обвинител

ноември 7, 2017

Владата на денешната седница одлучила да му предложи на Собранието за државен јавен обвинител да го именува Љубомир Јовески, кој е член на Советот на јавни обвинители, соопшти владината прес-служба. „Владата на Република Македонија оваа одлука, освен врз основа на професионалната биографија на Љубомир Јовевски, ја донесе и врз основа на позитивното мислење на Советот […]

Објавен огласот за нов јавен обвинител, почнуваат да течат роковите за пријавување

септември 14, 2017

Собранието на Република Македонија денеска го објави огласот за именување нов државен јавен обвинител, по разрешувањето на Марко Зврлевски од оваа функција. Со ова и официјално почнува да тече рокот од 15 дена за пријавување на заинтересираните кандидати за оваа функција. „Заинтересираните кандидати кои ги исполнуваат условите предвидени со членот 44, ставови 1 и 2 […]

ВМРО-ДПМНЕ поднесе кривична пријава за генералниот секретар на Владата, Рашковски

септември 9, 2017

Светлана Колариќ од ВМРО-ДПМНЕ денеска соопшти дека нејзината партија поднела кривична пријава до Основното јавно обвинителство за генералниот секретар на Владата, Драги Рашковски, за злоупотреба на службената положба. Го товарот за незаконско именување директори. – Рашковски ја употребил својата положба и овозможил именување на директори од страна на Владата без тие да ја имаат исполнето со […]

ВМРО-ДПМНЕ повторно бара одложување на расправата за оглас за нов јавен обвинител

септември 6, 2017

На продолжението на 12. пленарна седница, на која се расправа за предлогот на Владата за распишување оглас за именување нов државен јавен обвинител, пратениците од ВМРО-ДПМНЕ повторно бараа расправата по оваа точка да се одложи и да продолжи по одржувањето на локалните избори. Тие сметаат дека со оваа расправа Собранието не ги почитува законите. – Како […]

Законот за јазиците и огласот за наследникот на Зврлевски денеска во Собранието

септември 6, 2017

Собраниската Комисија за европски прашања денеска треба да ја продолжи седницата на која се расправа за предлог-законот за употреба на јазиците, во прво читање. Со законот се предвидува во сите органи на државната власт во Република Македонија, централни институции, јавни претпријатија, агенции, дирекции, установи и организации, комисии, правни лица кои вршат јавни овластувања согласно закон […]

Собранието на 4 септември ќе решава за огласот за нов државен јавен обвинител

август 24, 2017

Предлогот на Владата за распишување на оглас за именување на нов државен јавен обвинител е ставен на дневен ред на првата наредна седница на Собранието, закажана за 4 септември. Како што може да се види од најавата за седницата, на интернет страницата на Собранието, предлогот е 11. точка од дневниот ред на седницата. Според постапката […]

Изборот на заменик на Зврлевски одложен, Аневски не обезбеди кворум

август 24, 2017

Советот на јавни обвинители поради немање кворум ја одложи денешната седница за избор на заменик на разрешениот државен јавен обвинител Марко Зврлевски, кој ќе треба да ја врши оваа функција до изборот на нов Јавен обвинител. Седницата, како што соопшти претседателот на Советот на јавни обвинители, Петар Аневски е презакажана за 29 август. Аневски изјави […]

Џафери распиша оглас за избор на член на Советот на јавни обвинители

август 19, 2017

Претседателот на Собранието, Талат Џафери, распиша оглас за избор на член на Советот на јавни обвинители. Огласот Џафери го распишал вчера, а денеска е објавен во дел од дневните весници, а треба да биде објавен и во „Службен весник“. Како што стои во објавата, станува збор за избор на член на Советот од „редовите на […]

Рокови, процедури и можни сопки за изборот на новиот Јавен обвинител

август 17, 2017

Со разрешувањето на Марко Зврлевски од функцијата државен јавен обвинител, Владата може да почне со процедурата за именување на негов наследник. Ако разрешувањето на Зврлевски ја окупираше јавноста добар дел од летото, со развлекувањето на расправата од страна на пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, тогаш речиси извесно е дека постапката за именување на нов јавен обвинител, која […]

Изборот на заменици министри на денешната собраниска седница

јуни 22, 2017

Собранието денеска во 11 часот на второто продолжение на петтата седница треба да ги именува замениците министри во Владата на Република Македонија. Точката за изборот на замениците министри е последна, односно 23. на дневниот пред, а оваа седница ќе почне со расправа по 14. точка од дневниот ред, а тоа е годишниот извештај за работата на Државната […]

Спасовски уште се консултира, новите шефови на УБК и на БЈБ ќе бидат познати утре или задутре

јуни 14, 2017

Премиерот Зоран Заев денеска изјави оти очекува дека в четврток или петок Владата ќе ги разреши старите и ќе ги избере новите директори на Управата за безбедност и за контраразузнавање (УБК) и на Бирото за јавна безбедност (БЈБ). Како што рече Заев, сè уште траеле консултациите на министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, со кандидатите […]

ВМРО-ДПМНЕ „од патриотски причини“ го прекрсти СДСМ во СДС без „М“

април 10, 2017

Во последниов период ВМРО-ДПМНЕ го „прекрсти“ Социјалдемократскиот сојуз на Македонија (СДСМ) и во официјалните соопштенија на партија и во изјавите на нејзините членови, својот политички опонент почна да го ословува со скратеницата „СДС“, наместо со СДСМ, како што беше случај претходно. Од говорница тоа се изговара како „ес-де-ес“, а ваквиот новоговор го прифатија или го […]

Иванов за шеф за разузнавање го именуваше специјалистот за психолошко војување Иванов

март 27, 2017

Претседателот на државата, Ѓорге Иванов денеска за нов директор на Агенцијата за разузнавање (АР) го именуваше Зоран Иванов, откако на досегашниот, Наќе Чулев, му истече мандатот, соопштија од кабинетот на Иванов. Зоран Иванов досега ја извршувал функцијата началник на военото разузнавање во рамките на службата за воена безбедност и разузнавање. „Тој е професионален кадар на […]

Трамп го именуваше својот зет за виш советник во Белата куќа

јануари 10, 2017

Новоизбраниот претседател на САД, Доналд Трамп, синоќа го потврди именувањето на својот зет Џаред Кушнер за виш советник во Белата куќа, јавуваат светските медиуми. „Кушнер беше советник од доверба во текот на кампањата и во периодот на транзиција и горд сум на тоа што има клучна улога во мојата админстрација“, соопштил синоќа Трамп. Кушнер, според […]

Измени на Законот за внатрешни работи: Државниот секретар во МВР да го именува Владата

јули 6, 2016

Државниот секретар во Министерството за внатрешни работи (МВР) да го именува Владата на предлог на ресорниот министер, наместо тој да се избира од редовите на раководните лица во МВР. Ова е клучната измена во Законот за внатрешни работи што денеска е на дневен ред на пленарната седница на Собранието. „Имајќи ја предвид досегашната практична примена на […]

Ципрас ќе одлучува за Музалас по Самитот на ЕУ за бегалската криза

март 16, 2016

Грчкиот премиер Алексис Ципрас ќе одлучи дали министерот за миграција, Јанис Музалас, ќе остане во владата по завршување на Самитот на Европската Унија за бегалската криза. Самитот е закажан за утре и, како што истакна портпаролот на грчката влада, Олга Геровасили, приоритет за грчката влада во моментов е успешно справување со бегалската криза и наоѓање […]

Ципрас и Каменос на тет-а-тет средба: Независни Грци инсистираат на оставка од Музалас

март 16, 2016

Продолжува тензијата во грчката влада и неизвесноста што ќе се случува со министерот за миграција, Јанис Музалас, кој синоќа во интервју ја нарече нашата држава со името Македонија. Министерот за одбрана и лидер на Независни Грци, Панос Каменос, во врска со ова прашање имаше едночасовна средба со својот коалициски партнер, премиерот Алексис Ципрас. Засега нема официјална […]

Страна 1 од 2