Објавен награден конкурс за основци и средношколци на тема „Што ме движи кога сè стои?“

Фото: Гимназија Алгоритам

Гимназијата Алгоритам, заедно со Europe House, објави награден конкурс на тема „Што ме движи кога сè стои?“ за сите ученици од основните и средните училишта во С. Македонија, чија цел е поттикнување на основците и средношколците на мисловен и креативен процес да ги искажат своите секојдневни интереси, гледишта и тоа што ги движи и мотивира.

Учениците ќе имаат можност да се изразат во три области: филм, литература и компјутерска графика, а нивните креативни дела треба да бидат одраз на европските вредности: инклузија, толеранција, еднаквост, правда, солидарност и недискриминација.

Најдобрите дела од сите три категории ќе бидат наградени со вредни награди – лаптопи и таблети, а селекцијата ќе ја врши стручно жири. Ќе биде доделена и специјална награда од публиката преку гласање на социјалните мрежи. Доделувањето на наградите ќе се спроведе во сите три категории, според возраста.

Крајниот рок за доставување на делата е 25.4.2021 година на мејл адресата: [email protected]

Целиот конкурс може да го најдете на следниот линк.