fbpx
Таг: Europe house Skopje

таг: Europe house Skopje

Почнува „Студентска уметничка пролет“ – студентите ќе имаат можност да посетат изложби, концерти, претстави и предавања

Од денеска почнуваат настаните на „Студентска Уметничка Пролет“ што ги организира Europe House Скопје во соработка со Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ (УКИМ). Серијата настани ќе траат до 26 април, а се посветени на збогатувањето на културно-уметничката понуда на кампусот, како и промовирањето на интердисциплинарниот пристап кон знаењето меѓу студентите. „Целта на овие настани е да се обединат и поврзат...

Второто издание на настанот „Клинци“ в петок во Europe House Skopje

Неформалната организација за афирмација на младинската култура „Култура Бета“ в петок, на први март, по вторпат го организира настанот за млади „Клинци“, на кој ќе се претстават четворица млади автори и ќе биде поставена изложба на младиот уметник Бојан Звездаковски. Учесници на „Клинци“ ќе бидат младите автори Викторија Ангеловска, Драгана Стојадиновска, Дамјан Златановски и Софија Тодороска, кои ќе се претстават...

Изложба „Дигиталниот свет, стапица за личните податоци“: Внимавајте кога на интернет ви се нуди нешто бесплатно

Корисниците на дигиталните алатки мора да бидат внимателни за тоа како ги користат своите податоци во дигиталниот свет, беше пораката на мултимедијалната изложба „Стаклена соба – дигиталниот свет, стапица за личните податоци“, организирана од Македонскиот институт за медиуми во партнерство со Делегацијата на Европската Унија во Северна Македонија, пренесува Порталб.мк. Изложбата ја отвори Билјана Петковска од Македонскиот институт за медиуми...

Kампања на ЕУ „Од нас направено“: Двајца млади влогери во посета на македонски градови и села

Елена Василевска од Скопје и Ник Ван Пут од Белгија се двајцата влогери кои во наредните седум дена ќе патуваат низ Северна Македонија и ќе ги откриваат и истражуваат убавините на природата, но и успешните приказни и иницијативи на локалните претприемачи низ македонските градови и села. Елена и Ник се дел од кампањата „Од нас направено – патување низ ЕУ...

Отворена изложбата „Иднина е женски род“

На Меѓународниот ден на жената, евроамбасадорот Дејвид Гир, првата дама Елизабета Ѓоргиевска и вршителот на должноста постојан координатор на ОН Моника Сандри ја отворија изложбата „Иднина е женски род“ во Ист Гејт Мол во Скопје. Изложбата е составена од 12 приказни за извонредни жени кои ги кршат бариерите и стереотипите и докажуваат дека полот не е пречка, туку можност. „Иднина...

Попладнево во Дебар Маало ќе се одбележат 70 години од раѓањето на Горан Стефановски

Денес во 17 часот покрај клупата на Горан Стефановски во Дебар Маало, проследено со тивка акустична музика од бендот „Amniotic Fluid“ ќе се одржи настан на кој ќе бидат вклучени сијаличките во паркот и симболично ќе се одбележат 70 години од раѓањето на еден од најголемите македонски драматурзи и писатели. Настанот кој ќе биде повод низ дружење и неформален разговор...

Утре во Europe House проекција на документарниот филм AS I WANT на Самахер Алкади

Утре во 19 часот во Europe House Skopje ќе се прикажува документарниот филм AS I WANT на палестинската режисерка Самахер Алкади. AS I WANT е документарен филм за низата сексуални напади кои се случуваат во Каирп, на плоштадот Тахрир на 25 јануари 2013 година, на денот на втората годишнина од револуцијата. Како одговор на овие сексуални напади, огромна толпа гневни...

Утре ќе се отвори студентска изложба во куќата на Лазар Личеновски

Во куќата на Лазар Личеновски под Скопското кале утре (9 ноември), во периодот од 12 до 14 часот, ќе се одржи студентска уметничка изложба инспирирана од ликот и делото на Лазар Личеновски, информираат од Europe House Skopje. Изложбата ќе вклучи ликовни творби на студенти од Факултетот за ликовни уметности во Скопје. Изложбата ќе остане отворена за јавноста од 12:00...

Во Скопје се одржува првиот Street Food Week, уживање на отворено со храна и музика

Првото издание на фестивалот Street Food Week неделава се одржува во центарот на Скопје во организација на Бистро Комедија, информираат од Јуроп Хаус. На просторот пред Театар Комедија, во периодот од 13 до 17 јуни се претставуваат 10 штандови со храна во периодот по 19 часот. Фестивалскиот настан е придружен со музика од пет диџеи за секој засебен ден, а...

Младите во фокусот на овогодинешното одбележување на Денот на Европа

Делегацијата на Европската Унија, заедно со „Јуроп Хаус“, ќе го одбележат Денот на Европа 2022 година преку низа активности организирани под слоганот #ThinkForward. Со оглед на тоа што 2022 година е Европска година на младите, програмата вклучува голем број активности поврзани со младите, информираат од Делегацијата на Европската Унија во Скопје. Главниот јавен настан годинава ќе биде единствено уметничко искуство...

Во сабота со концерт на млади бендови во МКЦ ќе се одбележи Денот на Европа

По повод 9 мај - Денот на Европа, во сабота (7 мај) во Младинскиот културен центар во Скопје ќе се организира Концерт на млади бендови на кој ќе учествуваат седум средношколски бендови. Концертот ќе започне од 12 часот напладне и ќе трае до 17 часот, а ќе настапат бендовите „Црно собрание“, „Резонанца“, „Улично радио“, „Zanadu“, „Exhibit A“, „DIBS“ и „Visionary...

Празникот на уметноста одбележан и кај нас, македонските уметници со специјални изложби и нескромна уметност

По повод светскиот ден на уметноста кој се одбележува на 15 април, избрани македонски уметници, членови на Друштвото на ликовни уметници на Македонија, како и младите уметници, студентите на Факултетот за ликовни уметности, организираа целодневни настани проследени со изложби. Друштвото на ликовни уметници (ДЛУМ) се претстави со изложбата „Поместени граници“ составена од уникатни изработки, дела и инсталации на осум визуелни...

Денеска во Скопје започнува BookStar 2021 – фестивалот на европска литература

Оваа година по седми пат во Скопје ќе се одржи фестивалот на европска литература BookStar, важна книжевна манифестација која е првата од ваков тип за презентација на европска литература во нашата држава. Како организатор на литературниот настан, издавачката куќа „Антолог“ со големо задоволство го најавува почетокот на овогодинешната програма. Истата започнува денеска во 18:00 часот во МКЦ, со свечено отварање...

Повик за учество на интерактивната работилница за стрип што ќе се одржи на 20 април

Europe House Skopje и стрип книжарницата „Бункер“ на 20 април, со почеток од 18 часот, организираат интерактивна работилница за стрип, која што има за цел да ги запознае сите заинтересирани лица со супер хероите и антихероите кои живеат во стрипот. Преку овој настан, ќе може да се дознаат повеќе детали и анегдоти за стрип јунаците и начинот на кој...

Објавен награден конкурс за основци и средношколци на тема „Што ме движи кога сè стои?“

Гимназијата Алгоритам, заедно со Europe House, објави награден конкурс на тема „Што ме движи кога сè стои?“ за сите ученици од основните и средните училишта во С. Македонија, чија цел е поттикнување на основците и средношколците на мисловен и креативен процес да ги искажат своите секојдневни интереси, гледишта и тоа што ги движи и мотивира. Учениците ќе имаат можност да...

Креативен студентски предизвик на тема „Мојата оптимистичка порака“

Европската куќа во Скопје (Europe House Skopje) огранизира креативен студентски предизвик насловен „Мојата оптимистична порака“. Во соработка со „Creative Talks“ тие ги повикуваат студентите од универзитетите во земјава и оние што се на академиите на „Brainster“ да се вклучат во креативниот предизвик, подржан од Делегацијата на Европската Унија. Оние што сакаат да учествуваат потребно е да изработат креативно дело (дизајн, фотографија,...

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...