О2 иницијативата објави водичи за еколошка едукација на децата

Фото: О2 Иницијатива

Со цел да се помогне и подобри еколошкото образование и природонауката, О2 Иницијативата го создаде и објави сетот Водичи на природата – триплет на мали водичи преку кои учениците од одделенска настава ќе се запознаат со животот во шумата, барите и езерата и низ градското зеленило.

„Еколошкото образование е неопходен процес со цел да се постигне еколошка писменост која ќе води до развој на еколошка свест кај новите генерации. Еколошкото образование меѓу другото претставува и запознавање со природата, биолошката разновидност и природните појави и феномени. Преку него јавноста, особено младите се запознаваат со природните вредности, учат како човекот влијае на нив и како може да се заштити природата – ретките видови и екосистеми“, велат од О2 Иницијативата.

Сетот на водичи, е во издание на издавачката куќа Чудна Шума, под авторство на Кирил Арсовски Пржо, а издадено за целите на О2 Иницијатива – го води читателот низ мало патување на екосистемите во кое се запознава со живиот свет, животот на растенија и животните, но и начините на кои човекот им влијае и упатства за тоа како можеме да им помогнеме.

Овој сет на водичи, претставува некомерцијално издание кое во наредните недели ќе биде дистрибуирани низ основните училиште и училишни библиотеки низ државата.