fbpx

Нуланд денеска во Атина

-

Заменичката на државниот секретар на Соединетите Американски Држави, Викторија Нуланд, денеска пристигнува во Атина. Таа ќе се сретне со високи претставници на новата грчка влада, со кои ќе разговара за различни билатерални и регионални прашања.

Според најавата од Стејт департментот, Нуланд ќе разговара и за критичното прашање за бегалската криза, финансиските реформишто Грција треба да ги спроведе според договорот со европските кредитори и за грчката улога на европскиот енергетски пазар.

Оцените во Атина се дека Нуланд преку оваа посета го испитува пулсот на Грција за одредени прашања и доаѓа како најава за посетата на американскиот државен секретар, Џон Кери, кој се очекува во текот на ноември.

Грчките медиуми изминатиот период ја „обележаа“ Нуланд како еден од главните актери во новиот американски напор да се издејствува побрзо решавање на спорот за името. Во Грција, Нуланд се смета за една од тие што вршат најголеми притисоци за двете страни да отстапат од црвените линии и што побргу да најдат компромисно решение.

Нуланд во Атина по ова прашање ќе ја дочека проблематична клима на несогласување меѓу партиите, нешто што можеше да се воочи на парламентарната дискусија за грчките обврски изминатиот петок. Додека владата се чини дека прави обиди за нови иницијативи преку договорот за мерки за градење доверба и иницијативата да се слушнат ставовите на сите партии околу прифатливото решение за да може да се испратат нови предлози на преговарачката маса, опозициската Нова демократија го прави сосема спротивното. Десничарските функционери играат на големо на картата за спорот за името, со изјави дека Македонија е грчка за да придобијат повеќе гласови за внатрешните избори за нов лидер на партијата.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Вучиќ кон Пикси откако автобусот се заглави во песок: „Тешки сме Драгане“

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека е договорено финалето на Лигата на Европа на УЕФА во 2028 година да се игра на Националниот стадион во Сурчин. Вучиќ на...