Фото: Арбнора Мемети

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2.889 тестирања, а регистрирани се 865 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-330, Куманово-28, Дебар-12, Штип-22, Прилеп-47, Тетово-42, Струга-24, Велес-35, Битола-42, Охрид-36, Кавадарци-38, Гостивар-29, Гевгелија-33, Струмица-25, Крива Паланка-3, Радовиш-14, Крушево-1, Кочани-13, Пробиштип-4, Демир Хисар-1, Македонски Брод-1, Пехчево –2, Берово-4, Валандово-3, Делчево-15, Кратово-2, Свети Николе-8, Кичево-18, Ресен-7 и Неготино-26.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 641 оздравени пациенти од: Скопје-248, Куманово-31, Дебар-8, Штип-26, Прилеп-35,  Тетово-34, Велес-33, Битола-28, Охрид-1, Кавадарци-25, Гостивар-44, Гевгелија-13, Струмица-32, Крива Паланка-5, Радовиш-6, Крушево-1, Кочани-8, Пробиштип-2, Македонски Брод-1, Валандово-2, Виница-15, Кратово-1, Свети Николе-14, Кичево-7, Ресен-6 и Неготино-15.

Починати се 25 лица, десет пациенти од Скопје (50, 66, 40, 80, 61, 79, 71, 83, 71 и 73), еден од Куманово (81г), двајца од Штип (63 и 51г), тројца пациенти од Прилеп (85, 59 и 44г), еден од Тетово (73г), двајца од Струга (81 и 89г), еден од Велес (78г), еден од Охрид (83г), еден од Кавадарци (69г), еден од Гостивар (66г), еден од Струмица (70г) и еден пациент од Радовиш (68г). Пациентите се починати во болнички услови.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 75.597, бројката на оздравени пациенти е 51.493, на починати е 2.194, а бројот на активни случаи изнесува 21.910.