fbpx

Нови 86 случаи на ковид-19 во последните 24 часа

-

Министерството за здравство соопшти дека во изминативе 24 часа во земјава биле направени 2.359 тестови, а откриени 86 нови случаи на ковид-19: Скопје – 46, Битола – 23, Прилеп и Гостивар – по 4, Куманово, Кавадарци и Велес – по 2, Струмица, Кичево и Виница – по 1.

Од вкупниот број позитивни (86), регистрирани се 9 реинфекции.

Во последните 24 часа се регистрирани 105 оздравени пациенти и еден починат пациент, 80-годишник од Битола, кој имал коморбидитети и починал во болница.

Досега во земјава се направени вкупно 2.003.269 тестирања за ковид-19, а вкупната бројка на откриени случаи изнесува 308.964. Бројката на оздравени пациенти е 298.916, на починати е 9.266, а бројката на активни случаи изнесува 782.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

НБО вели дека поскапеното автоосигурување е реално, Битиќи бара повлекување на одлуката

Порастот на цената на полисата на задолжителното автоосигурување се должи на континуираниот раст на цените на реосигурувањето, автомобилите, резервните делови и на порастот на платите и постојаната голема инфлациона...