Фото: Арбнора Мемети

Денешните податоци на Министерството за здравство покажуваат дека во последните 24 часа се направени 2.383 тестирања, а регистрирани се 347 нов случаj на ковид-19 во: Скопје – 157, Прилеп – 35, Кавадарци – 26, Охрид -19, Куманово – 14, Штип и Неготино – по 13, Тетово – 12, Гевгелија – 10, Велес и Крушево – по 6, Битола, Гостивар и Делчево – по 5, Струга, Дебар, Крива Паланка и Виница – по 3, Ресен, Валандово, и Кратово – по 2, Струмица, Кочани и Македонска Каменица – по 1.

Во изминатото деноноќие пријавени се вкупно 7 починати лица, од кои 4 од Скопје (80г, 79г, 69 и 61г), по 1 пациент од Куманово (80г), Велес (66г) и Прилеп (61г). Шест пациенти се починати во болнички услови и еден е починат во домашни услови.

Регистрирани се 168 оздравени пациенти од: Скопје – 110, Куманово и Прилеп – по 7, Кавадарци – 6, Тетово и Крива Паланка – по 5, Гостивар, Велес и Неготино – по 4, Битола и Гевгелија – по 3, Штип и Радовиш – по 2, Охрид, Струмица, Свети Николе, Кратово, Демир Капија и Дојран – по 1.

Досега во земјата се направени вкупно 492.374 тестирања на ковид-19.

Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 97.803, а бројката на оздравени пациенти е 88.469. Починаа 3.010 лица, а бројот на активни случаи достигна 6.324.

Денеска започна процесот на имунизација против ковид-19 во земјава. Здравствените работници кои работат на Клиниката за инфективни болести ја добија првата доза од вакцината на „Фајзер“, која ја добивме како донација од Србија. Според најавите, во следниве седум до 10 дена, треба да се вакцинираат сите здравствени работници со прва доза.